[ВИДЕО] „Мафијашки потег“: Вака реагирал братот на Мексиканката кога била прогласена за Мис Универзум и сите се веќе убедени дека натпреварот е наместен

Точка

24/11/2025

12:04

713

Големина на фонт

а а а

Доколку се прашува публиката, Мексиканката Фатима Бош сигурно не би победила на изборот за Мис Универзум. Круната ја понела пред неколку дена и од моментот на прогласување на победничката па до денес не престануваат критиките поради наводно наместено натпреварување.

Масло на огнот додал и братот на мексиканската мисица.

Братот на Мис Универзум, Фатима Бош, го гледал натпреварувањето во живо, се наоѓал во салата, па е забележана неговата реакција. Погледнете го изразот на лицето кој многумина дополнително ги уверил дека изборот бил однапред исцениран.


„Кога дошол моментот да се соопшти кој победил, братот на Мексиканката станал, го закопчал палтото, погледал надолу и се насмеал кога го чул нејзиното име.

„Премногу ноншалантно, нема возбуда ниту изненадување“, „Неговото лице кажува: веќе знаев“, „Мафијашки потег“, „Можеше барем малку да одглуми изненаденос“, „100% знаел дека таа ќе победи“, реакцијата покренала нова афера, додека останатите кои го гледале изборот за убавина отворено негодувале поради победата на Фатима Бош.


„Неколку дена пред финалето, композиторот Омар Харфух се повлекол од местото судија тврдејќи дека топ 30 мисици биле избрани од импровизирани членови на жири, а не осумте официјални судии, како што требало да биде. Укажувал на конфликт на интереси на некои членови на жири, пишува ew.com. Пред финалето порачал дека триумфот на Мексиканката е наместен.

„Нејзината победа е лажна, 24 часа пред финалето реков дека Мис Мексико ќе победи бидејќи сопственикот на Мис Универзум, Раул Роха, соработува со таткото на Фатима. Раул Роха и неговиот син недела дена претходно во Дубаи ме наговараа да гласам за Фатима Бош, бидејќи нејзината победа им е потребна – затоа што тоа ќе биде добро за нашата работа“, навел.

Првата афера ја погодила Мис Универзум Фатима Бош откако извршниот директор на натпреварувањето, Нават Итсарагрисил, ја карактеризирал како глупава, пред камерите и другите мисици. Му запречило што одбила да учествува во снимањето на видео за социјалните мрежи, објаснувајќи дека мора да се консултира со својот тим.“


„Откако ѝ рекол дека е глупава, му одговорила: „Имам свој глас. Не ме почитувате како жена.“ Во интервјуто по тој скандал го изјавила следново: „Вашиот директор нема почит кон мене. Ме нарече глупава бидејќи има проблеми со организацијата. Мислам дека тоа не е фер, бидејќи сум тука. Сè правам како што треба. Не се мешам со никого. Само се обидувам да бидам љубезна. Мислам дека светот треба да го види ова, бидејќи сме силни жени, а ова е платформа за нашиот глас.“

Одреден број мисици ја поддржаа. Брзо се сретнала со директорот на бината и му упатила остар поглед. Скандалот го претворила во борба за женска солидарност и почитување кон жените, а веќе се зборува дека оваа афера ја најавила нејзината победа.

„Ако некој се чувствува лошо, непријатно или повредено, се извинувам на сите. Јас сум само човек, не сакав да направам ништо лошо“, се правдал Итсарагрисил.“


„Претседателот на Мис Универзум, Раул Роха, напомена дека учеството на Итсарагрисила ќе биде „ограничено“ во изборот за најубава девојка.“

„Нема да дозволам да се кршат вредностите на почитување и достоинство на жените. Огорчен сум од Навата поради јавната агресија која ја изврши против Фатиме Бош, Мис Универзум Мексико, која ја понижи, навреди и покажа недостаток на почитување“, порачал тој.

„Фатима Бош по победата порачала: „Денес повторно потврдив дека она што Бог го одредил за вас, ни завист не го запира, ни судбината не го расипува, ни среќата не го менува. Да живее кралот Исус.“