Што препорачуваат докторите, а што мислите вие, која риба е најздрава? Одговорот би можел да ве изненади.
Додека поголем дел од луѓето мислат дека туната и лососот се најздрави видови риба, докторите сугерираат дека оние со најмногу хранливи состојки сепак се помалите риби.
Професор по нутриција на Харвард, д-р Кристофер Голден, вели дека вклучувањето на помалите риби и школки во исхраната помага во зголемување на внесот на омега-3 масните киселини. Исто така тие содржат поголема количина цинк, железо и витамин Б12.

Уште една предност на консумирањето риба е да ја јадеме целата риба, вклучувајќи ја и нејзината кожа и коски, односно деловите богати со калциум и витамин Д.
„Помалите риби се најдобриот извор на хранливи материи“, изјавил професорот Голден за „CNBC“.
Што препорачува докторот?
Видовите риби кои тој ги препорачува се скуша, сардина, харинга, а од школки остриги или црни школки, многу ценети во светот.
„Доколку јадете помала риба, внесувате помалку жива. Многу помалите риби и школки исто така можат да се најдат и во конзерва. Тоа ги прави погодни за складирање и поевтини се од свежата риба“, изјавил Голден.
Професорот истакнал дека со сардините не може никогаш да згрешите.
„Тоа е риба која е одличен извор на омега-3 масни киселини, а им е достапна на сите“, заклучил тој.

Сардините се ризница за здравјето и чуваат од разни болести. Освен тоа што се полни со витамини и минерали, тие се одлични и за срцето.
Спречуваат депресија и анксиозност. Сардините исто така се полни со протеини, материи чија дневна доза е потребна во количина од 24 до 28 грама. Само едно пакување од оваа намирница од 80 грама содржи протеини во доволна количина, дури 23 грама.
Исто така и калциумот којшто е неопходен за правилен развој и здравје на организмот во сардините го има дури 27 отсто од дневната потреба, што е еквивалентно на една шолја млеко.









