„Camperghini“ во Македонија: Човекот што кампува во "Lamborghini" пристигна на Балканот

Точка

20/11/2025

07:53

2.767

Големина на фонт

а а а

Американецот Конор, креаторот на необичниот и веќе глобално препознатлив проект „Camperghini“, овие денови престојуваше во Македонија како дел од својата авантура да го обиколи светот во луксузно возило претворено во мини-дом. Неговиот "Lamborghini Urus", адаптиран да служи како кампер — концепт што речиси комично го спојува екстремниот луксуз со практичниот минимализам — стана интернет сензација, а Македонија е една од станиците во неговата балканска рута.

Конор, кој во 2023 година ја напушти својата куќа и одлучи да го замени традиционалниот живот со патување по светот, го документира секој чекор од ова необично искуство. На својата веб-страница и социјални профили објавува фотографии, впечатоци и видеа од земјите низ кои минува, а меѓу нив веќе се наоѓа и Македонија. Земјата е наведена во листата „Countries Traveled“.

Во видеото објавено на "YouTube" со наслов „I took my Lambo camping in North Macedona“ Конор ја претставува земјата од перспектива на човек што живее и патува во автомобил. Се гледа неговото пристигнување, возење низ македонските патишта и поставување на камп-опремата во Urus-от, кој кај него служи како спална соба, оставен простор и работен студио. Иако видеото не ги наведува сите конкретни локации, јасно се гледа дека тој е во Скопје, каде се среќава со свои пријатели, јаде во ресторан, преспива на Водно, а следниот ден се обидува да го фотографира "Воинот на коњ" од блиску.

Иако изработува содржини со глобална публика, Конор често задржува автентичен, непринуден стил без премногу продукциски украси, што очигледно му ја зголеми популарноста. Она што го прави "Camperghini" уникатен не е само фактот што карактеристичниот "Lamborghini" е преработен во мини-кампер, туку и пристапот на Конор да го покаже животот на пат како што е — со многу импровизација, минимализам и хумор.

Посетата на Македонија за него е дел од поширока балканска тура, а видеото сугерира дека земјата зазела посебно место во неговиот патопис.