Речиси 80 отсто од возачите не знаат што значи овој знак на инструмент таблата, знаете ли вие? Ако светлото е црвено – веднаш изгасете го моторот

Точка

18/11/2025

19:41

1.053

Големина на фонт

а а а

Кога ќе седнете зад воланот, можеби ви се чини дека сè држите под контрола, но постојат детали што многумина ги занемаруваат – малите, шарени симболи кои повремено се појавуваат на инструмент таблата.

Некои се добро познати, но други се појавуваат толку ретко што возачите ги затекнуваат целосно неподготвени. Токму тука настанува проблемот, бидејќи секој од овие знаци има своја намена, а поединечни можат да предупредат на дефект што не смее да се игнорира.

Додека ознаката за ниско ниво на гориво им е јасна на сите, еден друг симбол редовно ги збунува возачите – таканаречениот „воден“ знак. На X неодамна се водела расправа околу него, особено околу тоа што навистина претставува – па коментарите се движеа од духовити до оние што конечно ја разјасниле неговата вистинска смисла.

Една корисничка објавила фотографија од својата инструмент табла со заокружениот светлечки симбол и прашањето: „Што значи овој знак?“.


„Личи на чамец. Веројатно симбол за мирна пловидба“, се пошегувал еден корисник. Друг додал: „Тоа е предупредување дека се приближуваат пирати. Подобро почни да веслаш“.

По бројните шеги, пристигнал и точниот одговор.

„Тоа значи дека моторот на автомобилот не е загреан на работна температура. Кога ќе се загрее, светлото ќе се изгаси“, напишал еден корисник.

Сепак, ни тоа не е сосема точно. Станува збор за предупредување поврзано со ладењето на моторот, а симболот не претставува чамец, туку термометар со брановидни линии под него. Тоа укажува дека моторот достигнува превисока температура, што може да значи дека во системот недостасува течност за ладење. Ако проблемот не се реши, моторот може да се прегрее, што води до скапи поправки.

Според истражување на компанијата „ATS Euromaster“, дури 80 отсто од возачите не знаат што значи овој симбол.

Ако светлото е црвено – веднаш изгасете го моторот

Експертите од „Eden Motor Group“ објаснуваат дека, ако светлото е црвено, треба веднаш да застанете на безбедно место и да го изгасите моторот.

„Ако нивото на течност за ладење е ниско или постои некој друг проблем во системот за ладење, продолжувањето со возење може да предизвика сериозни оштетувања. Проверете ги основните параметри или повикајте стручна помош“, советуваат тие.


Причина – губење на течност за ладење

За да утврдите зошто симболот свети, потребно е да се земат предвид неколку можни фактори.

„Најверојатните причини се губење на течноста за ладење или дефект на сензорот“, велат експертите.

Губењето течност може да настане поради протекување во системот, на пример поради оштетено црево или пукнатина во ладилникот.

„Протекувањето можете да го забележите ако видите, слушнете или дури почувствувате мирис кога ќе ја отворите хаубата на автомобилот“, додаваат.

Ако не забележите протекување, проверете го резервоарот за течност за ладење и нивото меѓу ознаките за максимум и минимум за да утврдите дали има доволно течност.