Актерот Адам Сендлер во разговор за „People“ открил колку навистина ужива во времето кое го поминува со својата сопруга со која е во брак 26 години.
„Многу сме блиски. Сакаме да разговараме, да се смееме, да се забавуваме и да размислуваме за работите и да се грижиме за нашите деца“, изјавил актерот велејќи дека нивната поврзаност и натаму е цврста како првиот ден.
Адам исто така истакнал колку е благодарен на својот семеен живот и кариера во оваа фаза од животот.

„Поблагодарен сум од кога и да е. Среќен сум што го имам овој живот, среќен поради сите луѓе кои беа со мене сето ова време, ми помагаа и направија сѐ да биде феноменално. Моето семејство секогаш беше прекрасно. Мојата сопруга и јас разговараме за сѐ, што да правиме, што ќе правиме следно и навистина ни е супер во животот“, напишал актерот.
Инаку, Адам и Џеки првпат се сретнале на снимање на филмот „Големиот татко“ во 1999 година каде Џеки се појавила во помала улога на келнерка. Нивната врска за кратко време процветала, а актерот никогаш не криел колку ги цени важните моменти во нивната љубовна приказна.
Речиси четири години откако Адам и Џеки Сендлер првпат запловиле во врска, парот официјално се венчал во јуни 2003 година. Венчавката била одржана на имот во Малибу, а особен шарм додал нивното куче Митбол кое се појавило во мини смокинг, детаљ којшто сите го обожавале.
20 години подоцна, во 2023 година Адам на Инстаграм споделил емотивни фотографии од венчавката и емотивна порака до својата сопруга:
„Среќна 20-годишнина, моја слатка Џеки. Твоето „да“ беше најдобриот дар во мојот живот. Моето срце е твое од првата секунда кога те видов и секој ден сѐ повеќе ја сакам и ценам твојата посветена душа. Ние, децата... Одиме понатаму душо, многу љубов имам да ти дадам. Секогаш“.
Семејната среќа продолжила да расте, тие ја добиле ќерката Сејди во мај 2006 година, а во 2008 година и втората ќерка Сени.

Иако и двајцата биле посветени на одгледување на децата, Адам не паузирал со актерството – напротив, често цело семејство било вклучено во проектите.
Во интервју за „AARP The Magazine“ во 2022 година, Адам открил што смета дека е тајната на нивниот долг и стабилен брак:
„Никој не сака да ја слуша тајната на бракот на Адам Сендлер, но еве ја пак: Џеки и јас сакаме да поминуваме време заедно. Се трудиме да се насмееме еден со друг, да се слушаме, да се вклучиме еден со друг, да се поддржуваме. Се трудиме да бидеме најдоброто што можеме, тоа е сѐ. И, никогаш не размислуваме за тоа да не бидеме заедно. Секогаш зборуваме за нашата заедничка иднина“.










