[ФОТО] „Секој 17-ти ноември потекува по една солза, мали борци од неполни 2 кг. кои пораснаа во големи деца“: Дизајнерката Кикириткова со емотивна објава за децата

Точка

17/11/2025

18:57

935

Големина на фонт

а а а

Модната дизајнерка Маја Кикириткова е мајка на две деца, Лазар (7) и Ева (5), кои се родени предвреме.

Кикириткова во една прилика откри дека и во двете бремености имала компликации со плацентата, поради што децата морале да се родат порано, во истата гестациска недела и со слична тежина – под 2 килограми.

Лазар бил сместен во инкубатор, па Маја не можела да го дои во тој период иако добро е познато дека првиот контакт е исклучително важен. Со Ева, ситуацијата била малку полесна – таа била само на опсервација, а Маја успеала да ѝ дава мајчино млеко.


Секогаш отворена на оваа тема, Маја го користи 17-ти ноември, Светскиот ден на предвремено родените дечиња, за да ја истакне важноста на поддршката и љубовта.

Така и оваа година, таа го одбележа овој ден со фотографии од животот на Лазар и Ева – од првите моменти кога го гледала синот во инкубаторот, како и радосните случки од нивното растење до ден-денес.


Во описот на својата објава, Маја емотивно напиша:

„Секој 17-ти ноември потекува по една солза, што од мака, што од радост.
Тука сте во мојот живот, а јас сум горда што баш мене ме избравте да бидам ваша мајка.
Мали борци од неполни 2 кг, кои пораснаа во големи деца. Останете такви какви што сте, борбени, истрајни и секогаш насмеани.
Ве сака мама бескрајно!
Светски ден на предвремено родени деца“.

Светскиот ден на предвремено родени деца е момент за потсетување на сите мали борци и нивните семејства.