[ВИДЕО] Познат е првиот изведувач на Евровизија: Кипар го избра својот претставник

Точка

18/11/2025

09:31

296

Големина на фонт

а а а

Иако до Евросонг 2026 има уште многу време, веќе е откриен првиот изведувач што ќе настапи на натпреварувањето.

Кипарската пејачка Антигони, која живее и работи во Лондон, ќе го претставува Кипар во Виена, а ја избра интерно националната телевизија „Сај-би-си“, пренесува „Евровижн Ворлд“.

ANNOUNCEMENT


The Cyprus Broadcasting Corporation announces

that Cyprus will be represented at the

70th Eurovision Song Contest by ANTIGONI.


The 2026 Contest will take place in Vienna, Austria in May 2026.

Posted by CYBC: Eurovision Cyprus on Thursday 6 November 2025

Песната со која Антигони ќе се појави на евровизиската сцена ќе биде објавена подоцна. До тогаш, публиката може да се запознае со нејзиниот музички стил преку една од поновите песни – „Habibi“.

Која е Антигони?

Антигони Бакстон е британско-кипарска пејачка и авторка на песни од северен Лондон. Таа е ќерка на грчко-кипарската ТВ-водителка и готвачка Тони Бакстон, а пораснала опкружена со британска и кипарска култура.

Своите први песни ги пишувала уште како тинејџерка, а подоцна ја учела во престижното „BRIT School“ во Лондон, познато по талентите како Адел и Ејми Вајнхаус.

На почетокот на дваесеттите години потпишала договор со „Исланд екордс“ и почнала да го развива својот препознатлив звук, мешавина од поп и аренби со медитерански звук и грчка инструментализација. Досега има објавено неколку синглови, меѓу кои „Long Way Home“, „Never Gonna Love“ и „Hit List“, а често користи двојазични текстови кои го одразуваат нејзиниот британско-кипарски идентитет.

Пошироката јавност ја запозна во 2022 година со учеството во британското ријалити шоу „Love Island“, што ѝ донесе голема популарност во Обединетото Кралство и Кипар. Нејзината популарност продолжи да расте и на социјалните мрежи, денес има 595 илјади следбеници на Инстаграм, кои ја следат не само поради музиката, туку и поради нејзиниот впечатлив изглед.

Кипар учествува на Песна за Евровизија од 1981 година, но сѐ уште нема освоено прво место. Најдобриот резултат досега го постигна во 2018 година, кога Елени Фуреира заврши на второто место со песната „Fuego“. Од воведувањето на полуфиналето во 2004 година, Кипар се квалификувал во финале 12 пати од 20 обиди.