Славниот актер завршил во болница поради ненадејна, силна главоболка: „Сè уште не ја знаеме причината“

Точка

18/11/2025

12:00

798

Големина на фонт

а а а

Актерот Лив Шрајбер, најпознат по улогата во серијата „Реј Донован“ (Ray Donovan), бил хоспитализиран во недела откако доживеал ненадејна и силна главоболка, пренесе „TMZ“.

Поранешниот партнер на актерката Наоми Вотс ја поминал ноќта под надзор на лекари и во понеделник бил подложен на низа тестови. Според изворите, 58-годишниот актер се движел без никакви проблеми за време на престојот во болницата, но сè уште не е познато што ја предизвикало главоболката.

Претходни здравствени проблеми

Ова не е прв пат актерот да се соочи со здравствени проблеми поврзани со главоболки. Во 2024 година Шрајбер открил дека му е дијагностицирана ретка и претежно безопасна болест – транзиторна глобална амнезија (TGA), епизода на привремено губење на меморијата што обично исчезнува во рок од 24 часа.

Епизодата се случила за време на изведбата на претставата „Doubt: A Parable“, а актерот опишал како прво почувствувал силна главоболка, а потоа сфатил дека не може да се сети ниту на најосновните информации, вклучително и на името на неговата колешка Ејми Рајан.


„Сè исчезнува. Знаеш дека си во претстава, но не знаеш во која“, раскажал тој во емисијата на Сет Мејерс.

Лекарите брзо го прегледале, а магнетната резонанца покажале дека немал крвавење и дека неговиот мозок е „совршено во ред“. Шрајбер се пошегувал дека TGA најчесто е предизвикана од мигрена или „интензивен сексуален однос“, додавајќи со смеа дека во неговиот случај, причината се мигрените.


Кариера и личен живот

Улогата во хорор филмот „Вресок“ од 1996 година го прослави му донесе голема популарност, а неодамна глумел во проекти како „The Perfect Couple“ и „Caught Stealing“.

Тој е роден во Сан Франциско, а во 2023 година се оженил со 32-годишната Тејлор Најзен, која ја запознал во 2017 година. Парот ја добил ќерката, Хејзел Би, во август 2023 година.


Меѓутоа актерот има уште две деца од неговата 11-годишна врска со Наоми Вотс, од која се раздели во 2016 година – синот Саша (17) и ќерката Каи (16), а годинава актерката се изјасни како трансродова личност.

Во текот на кариерата Шрајбер девет пати бил номиниран за Еми награди и пет пати за Златен глобус, а е најпознат по глумењето во хит-серијата „Реј Донован“, која се емитуваше од 2013 до 2020 година.