Тие испишаа историја, но се „дамка“ во монархијата: Трите најскандалозни војвотки на британското кралско семејство

Кармин

17/11/2025

18:00

1.046

Големина на фонт

а а а

Членовите на кралското семејство често се во центарот на вниманието поради јавните ангажмани, а женскиот дел – особено поради облекувањето, но не само поради тоа.

Неодамна во јавноста многу се пишуваше за поранешниот принц, сега Ендру Маунтбатен Виндзор, кому му беше одземено сè – и куќата и сите кралски титули – но тој не е единствениот што има темно минато зад себе.

Во различни периоди и векови во кралското семејство се појавувале жени кои успевале да го свртат вообичаениот кралски поредок наопаку.

Сара Фергусон – поранешната војвотка од Јорк

Во последниве години, по смртта на кралицата Елизабета Втора, Сара Фергусон повторно се појавува на кралските настани. Таа се зближи и со кралот Чарлс Трети, кому му даваше поддршка откако во март 2024 година му беше дијагностициран карцином.


И самата Сара во тоа време се бореше со две тешки болести — карцином на дојка и меланом. Животот ѝ изгледаше стабилно; продолжи да пишува книги и живееше под ист покрив со својот поранешен сопруг, принцот Ендру, во Кралската Ложа.

Но, во медиумите се појави информација дека Сара уште во 2011 година му испратила писмо со поддршка на осудениот педофил Џефри Епстајн, пријател на нејзиниот поранешен сопруг, само ден откако јавно се оградила од него. Писмото протече до новинарите. Нејзините поранешни соработници тврдат дека била заплашувана и уценувана, додека Фергусон одлучила да молчи.


Набргу потоа, принцот Ендру јавно се откажа од титулата војвода од Јорк – потег што очигледно е поврзан со новите детали за неговиот однос со Епстајн. Со тоа и Сара ја изгуби титулата војвотка од Јорк и, според таблоидите, денес е на работ на нервен слом поради сè што се случило.

Меган Маркл – војвотката од Сасекс

Меган Маркл се омажи за најмладиот син на кралот Чарлс Трети, принцот Хари, во 2018 година. Година подоцна го добија синот Арчи.

Првите години внимателно ги извршуваа сите обврски како членови на кралското семејство, но Меган беше под огромен медиумски притисок. Папараците ја следеа во чекор, медиумите ја споредуваа со принцезата Дајана и војвотката Кејт, а според нејзините тврдења, во палатата постоела и дискриминација.


Сето тоа го откри во интервју со Опра Винфри во 2021 година, година и пол откако таа и Хари објавија дека се повлекуваат од кралските должности.

Денес парот живее во САД каде во 2021 година им се роди и ќерката Лилибет. По стапувањето на Чарлс на престолот, нивните деца добија титули принц и принцеза, а Меган и Хари ги задржаа титулите војвода и војвотка од Сасекс.


Волис Симпсон – скандалозната сопруга на Едвард Осми, војвотката од Виндзор

Приказната за Волис Симпсон и нејзината забранета љубов со кралот Едвард Осми и денес ја интригира јавноста. Волис била Американка, двапати разведена пред да го запознае тогашниот принц од Велс, познат и како Дејвид.


Кога Едвард стана крал во 1936 година, владата и црквата се спротивставија на неговата желба да се ожени со разведена жена. Дури и тогашниот премиер се обиде да влијае на парламентот, но без успех.

Едвард ја донесе историската одлука — абдицираше во корист на својот брат, принцот Алберт (подоцна крал Џорџ Шести) и се ожени со Волис во Франција.


Живееле раскошно, ги сакале социјалните настани и патувањата, но никогаш немаа деца. Пред крајот на животот нивниот однос се распадна — Волис наводно велела дека никогаш не го сакала својот сопруг, туку само го искористила за статус за да биде дел од високото друштво.

Почина осамена, 14 години по смртта на Едвард.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk