Шакира синоќа беше главна ѕвезда на светската премиера на „Zootopia 2“ во Лос Анџелес, а особено внимание привлече кога пристигна во придружба на своите синови, 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша.
Семејството се прошета по црвениот килим пред театарот „El Capitan“ во беспрекорно усогласени виолетови модни комбинации, воодушевувајќи ги сите присутни.



Познатата 48-годишна пејачка во новото анимирано продолжение повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел.

За посебната пригода, Шакира, Милан и Саша носеле модни комбинации со потпис на дизајнерката Стела Мекартни.
Покрај враќањето во својата улога, Шакира снимила и нова оригинална песна за филмот наречена „Zoo“, а објавен е и музичкиот спот.
Новото продолжение на популарниот филм, „Zootopia 2“, пристигнува во кината ширум светот на 26 ноември.