[ВИДЕО] Северина со емотивна објава за синот која расплакува: „Се обидоа да ми го одземат неколку пати, детската љубов ми помогна да издржам сè“

Кармин

14/11/2025

12:38

531

Големина на фонт

а а а

Пејачката Северина на 7-ми и 8-ми ноември одржа концерти во Арената Загреб. За време на концертот, на големиот екран се прикажуваа моменти од нејзината кариера и живот, а при изведбата на песната „Rođeno moje“ им покажа на сите во арената досега невидени снимки и фотографии од својот син Александар.

„Ние поминавме тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во прекрасен тинејџер“, рече Северина пред да ја отпее песната.

„Бев една од ретките мајки во светот која не смееше гордо да објавува фотографии од својот син. За среќа, на крајот добив одобрение од најважната личност – моето дете. Одобрение посилно од кој било закон и бирократ. И конечно повторно живееме среќно и убаво.


За жал, многу жени и понатаму се заробени во маѓепсаниот круг на бесчувствителниот и корумпиран систем – од социјална грижа до судови. Без средства за финансирање на бескрајни постапки и без надеж за правда. Многу од нив остануваат сами во својата борба, целосно исцрпени финансиски и психички. Единствено ги грее детската љубов. И мене таа ме одржа да издржам сè. Љубовта секогаш го победува злото“, напиша пејачката.


Долгогодишна битка за старателство

Да потсетиме, Северина со години водеше битка со поранешниот партнер Милан Поповиќ околу старателството врз нивниот син. Во 2018 година, судот донесе неправосилна пресуда според која Александар требаше да живее половина време со таткото, а половина со мајката.


Но, кон крајот на 2019 година, судијката Теа Голуб донесе привремена мерка со која беше одлучено дека Александар понатаму ќе живее со таткото, кој, како што беше наведено, „самостојно се грижел за здравјето и образованието на детето“. Северина на денот на пресудата, во ноември 2019, мораше веднаш да му го предаде синот на таткото. По мачна и долготрајна борба и судење, Александар конечно беше вратен во старателство на познатата пејачка.


„По 12 години борба, мојот син живее со мене“

На концертот во Сплит кон крајот на октомври, Северина со гордост рече:

„Пробаа да ми го одземат неколку пати, а денес, по 12 години борба, мојот син живее со мене“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk