[ВИДЕО] Девојчето од култниот божиќен филм навистина е глуво: Сите ја паметат емотивната сцена во скутот на Дедо Мраз, а малкумина ја знаат вистината зад неа

Точка

27/10/2025

20:08

730

Големина на фонт

а а а

Кога пристигнува празничниот период, на малите екрани неизбежен е и божиќниот филм „Miracle on 34th Street“.

Овој прекрасен празничен класик ја раскажува приказната за мало девојче и еден адвокат кои мораат да докажат дека човекот кој тврди дека е Дедо Мраз — навистина е тоа што вели дека е.

Оригинално беше објавен во 1947 година, а во 1994 година беше снимено и ново продолжение, во кое улогата на Крис Кригл ја толкуваше Ричард Атенбороу. Иако многумина ја сакаат топлата и емотивна приказна, постои една сцена што дури и на оние со „најтврдо“ срце им предизвикува солзи.

Трогателната сцена со глувото девојче

Овој емотивен момент се случува во сцената кога глувото девојче доаѓа да седне во скутот на Дедо Мраз (Крис Кригл) во трговскиот центар „Kohl“. Кога Дедо Мраз ја прашува што посакува за Божиќ, нејзината мајка му објаснува дека малата Семи е глува и дека само сака да седне во неговиот скут.


Но тогаш Дедо Мраз почнува да комуницира со неа на знаковен јазик и ѝ вели: „Ти си многу убава млада дама“.

Потоа ја прашува како се вика, а заедно со знаковен јазик ги „пеат“ стиховите од песната „Jingle Bells“. Малото девојче е воодушевено, а неговата мајка — како и сите ние — не можела да ги задржи солзите.

Посебноста на сцената: малата Семи Кригер

Сцената е уште попосебна затоа што во неа глуми вистинската Саманта Кригер. Семи имала само пет години за време на снимањето и е второ од трите глуви деца на Џеј и Линда Кригер, кои и самите се глуви. Кастинг-одделението ја пронашло Семи на аудиција во Чикаго, која делумно била спонзорирана од локалниот центар за глуви лица.

„Беше навистина забавно да бидам дел од филмот. Да бидам со Дедо Мраз и да ги видам сите тие играчки беше најубавото нешто“, изјавила Семи за „Los Angeles Times“.

„Искуството беше прекрасно, навистина неверојатно. Луѓето од продукцијата на Џон Хјуз се однесуваа со Семи како со кралска личност – ѝ дадоа приколка со ѕвезда на која стоеше нејзиното име, што ја направи да се чувствува посебно. Мојата сопруга имаше измешани чувства, како и јас во почетокот, но ако таа реши повторно да направи нешто вакво, ние ќе ѝ бидеме поддршка“, истакнал нејзиниот татко.

Интересни факти од филмот

Режисерот на филмот, Лес Мејфилд, изјавил дека таа сцена „му го искинала срцето“, а и Ричард Атенбороу бил длабоко трогнат. Тој се сеќавал дека не ја вежбал сцената претходно со малата Семи, па затоа нејзината реакција во филмот била потполно вистинска.

„Кога ја прашав со знаковен јазик: ‘Како се викаш?’, изненадувањето на нејзиното лице беше искрено. По сцената, ми се заблагодари со знаковен јазик. Не можев да издржам — тоа ме погоди длабоко,“ рекол Атенбороу за „Los Angeles Times“.