За време на осумдесеттите, Италија била фасцинирана не само од филмови полни со хумор и романтика, туку и од хемијата меѓу две култни филмски ѕвезди – Орнела Мути и Адријано Челентано. Убавицата, за која голотијата и врелите сцени билекако „добар ден“, не можела да му одолее на шармот на најголемиот италијански филмски заводник.
Но, додека таа го фрли својот брак под нозе поради Адријано, тој се трудел – и успеал во тоа – заедницата со Клаудија Мори да ја одржи до денес.
Со 70 години, кои ги наполни на 9 март 2025 година, актерката Орнела Мути сега отворено зборува за својата срамежливост, текот на годините, но и за својата тајна врска со Адријано Челентано. И покрај тоа што и двајцата биле во брак со други партнери, тие двајца имале афера почетокот на 1980-тите.

Во неодамнешно интервју за „Corriere della Sera“, Орнела говорела за врската со Адријано Челентано, која ја дефинирала како „своето единствено предавство“, со зборовите: „Ако ми се случи тоа – вредеше!“
Страсната тајна врска со оженетиот колега
Сè започнало во 1980 година, на сетот на филмот „Il bisbetico domato“, а наскоро следел и „Innamorato pazzo“ во 1981 година, две романтични комедии што станале инстант-класици. Орнела Мути, една од најубавите италијански актерки, и Адријано Челентано, пејач, актер и симбол на машка харизма, формирале пар што на екран едноставно блескал.
Но, магијата меѓу нив не запрела само на филмовите. На сетот на комедијата „Innamorato pazzo“, професионалната искра се претворила во вистинска, интензивна и тајна блискост. Челентано бил оженет со Клаудија Мори, со која е сè уште во брак, а Орнела била во брак со Алесио Орано, од кого наскоро се развела по аферата со најголемиот италијански заводник.

Адријано Челентано бил тој кој јавно ја објавил својата афера со Орнела Мути.
Долго време се шепотело за можна врска меѓу нив двајца, но ништо не било официјално потврдено. Така и било сè до 2014 година, кога Адријано Челентано јавно признал дека тој и Орнела Мути имале афера. Откритието истовремено ја шокирало и воодушевило јавноста во Италија, но предизвикало и реакции кај оние кои директно беа вмешани.
„Се правеше дека е будала“
Орнела ја чувала тајната за оваа афера која се случила додека двајцата биле во брак со други луѓе, но Челентано, години подоцна, сè открил.
„Помислив: погледнете какви се мажите… Бевме внимателни, но ако сакате да излезете во јавност, земајќи предвид дека не сте сè направиле сами и дека и јас бев вмешана, дали сакате да се соочите со мене? Кој знае што мислел…“, неодамна изјавила таа за „Corriere della Sera“.
Покрај нивната приказна, актерката емотивно се присетила и на моментите на сетот:
„Адријано беше толку смешен. На сетот немате чувство дека работите, сè беше игра, постојано смеење за сите, вклучувајќи ги и техничарите. Се правеше дека е будала. Токму како што Карло Вердоне имаше свои фобии, Адријано се плашеше од тунели, од летање, имаше разни мании.“

Во истото интервју, Орнела зборувала и за други поглавја од својот живот. Актерката на која никогаш не ѝ претставувало проблем да се соблече пред камерите тврди дека всушност е многу срамежлива:
„Секогаш се воздржував од одредени кругови и забави, дури и од вистинските. Тоа ме чинеше, знаете колку се важни контактите. Жал ми е што луѓето мислат дека сум сноб, тоа не е вистина. Родена сум исклучително срамежлива и сè уште сум. Кога бев млада, чекав постари жени да преминат улица. Не за да им помогнам, туку затоа што ми требаше некој да го држам за рака.“
Бракови, разводи, деца и љубовници
Уметничкото име Орнела Мути нема никаква врска со името што ѝ е дадено при раѓањето. Во документите на актерката, името што го добила во март 1955 година е Франческа Романа Ривели.
Нејзиниот татко бил роден во Неапол и се занимавал со новинарство, а мајката, по професија вајарка, била со потекло од Естонија. Актерката има постара сестра, Клаудија, родена во 1951 година.

Нејзината природна убавина ја правела лесно забележлива. Дебитирала како модел, а во 1970 година, на само 15 години, глумела во својот прв филм „La mogule più bella“.
Се омажила за Алесио Орано, кого го запознала на снимањето на овој прв филм, пет години подоцна, во 1975 година. Бракот траел само шест години. Подоцна, актерката добила уште две деца – ќерката Каролина и синот Андреа со својот втор, исто така поранешен сопруг, бизнисменот Федерако Факинети.
Две години по вториот развод, од 1998 до 2008 година, била во врска со пластичниот хирург Стефано Пиколо, чија експертиза обилно ја користела – денес актерката изгледа како 40-годишна, иако наполнила 70 години. И него го оставила по 10 години врска и почнала да се забавува со бизнисменот Фабрис Керхерве, кој е 11 години помлад од неа.
Од 1994 година, Орнела Мути живее во Монако.
Станала мајка на 19 години и има три деца.
Нејзиниот однос со најстарата ќерка, Наике, која ја родила кога имала само 19 години, и денес е посебен:
„Ја родив додека и сама бев дете. Секогаш сакав да биде блиску до мене. Ако одеше во друга соба, трчав по неа: ‘Наике, каде одиш? Остануваме заедно!’ Ми беше како помала сестра и водич. Ме спаси.“

Орнела истакнува дека присуството на нејзината ќерка ја држело подалеку од искушенија:
„Во Рим постоеше група, полна со познати луѓе, која експериментираше со дроги. Дури и девојките се вклучија. Но, јас морав да се вратам дома кај своето дете. Таа беше мојот светилник. Во спротивно, кој знае што би се случило.“
Заедно со Наике, Орнела Мути лансирала линија на чанти и основала креативен центар за возрасни.
Во седумдесеттите и осумдесеттите години глумела во бројни италијански филмови, а стигнала и до Холивуд. Била особено горда кога во 1994 година читателите на списанието „Class“ ја избрале за најубавата жена на светот.
Глуми и денес, а во мај оваа година објави дека прифатила да се појави во филмот на Бертран Мандик „Roma elastica“.
Поради Путин, изгубила 30.000 евра
Иако долго време се обидувала да живее повлечено, во центарот на јавноста се најде во 2010 година кога, поради наводен ларингитис, морала да ги откаже претставите. Ја известила управата на театарот Верди во Порденоне дека е болна и дека затоа мора да го откаже доаѓањето. Во лекарското оправдување стоело дека има воспаление на душникот, температура, кашла и тешко зборува.
Лекарската терапија предвидувала пет дена мирување, а наскоро потоа се појавила веста дека отпатувала во Русија на гала хуманитарна вечера на која ја поканил рускиот претседател Владимир Путин.
Si diede malata a teatro per andare al gala da Putin, Ornella Muti condannata a 6 mesi https://t.co/9M9oIeVSKH pic.twitter.com/85l065wDVf
— Corriere della Sera (@Corriere) June 14, 2019
Штом биле објавени фотографиите од настанот во Санкт Петербург, управата на театарот започнала правна постапка. Судот ја предупредил актерката дека ќе мора да оди во затвор ако не ја исплати компензацијата за билетите. Италијанскиот суд ја потврдил пресудата за шестмесечна условна казна затвор за Мути. Покрај тоа, морала да плати 500 евра како казна и 30.000 евра како компензација за билетите што ги купила публиката во Порденоне на североистокот на Италија.

Актерката подоцна изјавила дека има стан во Москва и дека сака да добие руско државјанство. Дополнително, „налеала маслото на оган“ со изјавата дека би сакала лично Владимир Путин да ѝ го врачи пасошот, потсетувајќи дека поранешниот СССР ѝ е татковина по мајка, чија смрт никогаш не ја преболела.














