Актерот Хју Џекмен првпат се појавил на црвениот тепих со девојката Сатон Фостер. Парот не ја тргал насмевката од лицето.
Актерот Хју Џекмен и неговата девојка Сатон Фостер првпат се појавиле заедно на црвениот тепих откако се во врска.
Ова е нивно прво излегување како пар по разводот на Хју од актерката Дебора ли Фурнес.

Да ве потсетиме, Хју Џекмен во 2023 година се разведе од сопругата Дебора Ли Фурнес по речиси 30 години брак, а се шпекулираше дека до разводот дошло токму поради новата љубов на актерот со Сатон Фостер.
Сатон синоќа му се придружила на својот избраник на премиерата на неговиот нов филм „Song Sung Blue“ во Лос Анџелес во текот на „AFI Fest“. Парот изгледал среќно и опуштено, позирајќи пред фоторепортерите со широки насмевки на лицата.
Хју изгледал многу елегантно во црниот костум со вратоврска којшто го искомбинирал со бела кошула. Сатон Фостер исто така изгледала прекрасно во црниот сатенски фустан со длабоко деколте.

Да ве потсетиме, само неколку денови претходно, парот присуствувал на настанот „After Hours Confession“ во Њујорк, а биле видени и како уживаат на гала-вечерта „Fetch Pet Gala“.
Тие двајца се во врска веќе скоро девет месеци, а својата врска ја потврдиле во јануари 2025 година. И двајцата се познаваат со години, а актерот претходно истакнал колку ја цени и почитува Сатон Фостер.
Во октомври 2021 година, додека двајцата вежбале, тој споделил видео од зад сцената на социјалните мрежи и напишал:
„Постојат стотина луѓе кои овозможија да се случи овој момент. Но, постои еден човек кому особено му оддавам почит – Сатон, оваа претстава е ништо без тебе. Ти си исклучителен талент и пријател. Твојата радост ја оживува целата екипа. Одвај чекам светот да те види како Миријан. Ги чека експлозија од прекрасното“.

Една година подоцна, Сатон на социјалните мрежи напишала:
„Овој човек. Чест ми е да бидам покрај тебе. Ти си најдобар“.
Во текот на интервјуто за „Vogue“ во 2022 година, Сатон изјавила дека тој е најверниот човек, неверојатно љубезен и великодушен.











