„Zara“, шпанскиот моден гигант кој ја „измисли“ брзата мода и го промени начинот на кој купуваме облека, годинава го одбележува својот 50-ти роденден. Тајната на успехот е едноставна – совршен спој на пристапни парчиња и луксуз што не мора да биде резервиран само за одредена клиентела.
Во оваа роденденска еуфорија, можеби сте забележале дека обожавателите на најпопуларниот high street бренд во последно време на социјалните мрежи споделуваат снимки во кои откриваат што значат боите на етикетите на „Zara“. Дали станува збор за некакви „тајни кодови“?
Иако брендот никогаш не се огласил официјално по ова прашање, се смета дека боите на етикетите се дел од систем што им помага на продавниците во организацијата на артиклите, а не директен показател за квалитет. Сепак, инфлуенсерите на ТикТок и другите платформи имаат свое објаснување...
Така на пример белата етикета со бел текст обично означува стандардна комерцијална колекција за масовниот пазар. Белата етикета со црн текст открива дека производот е дел од „basic“ линијата, наменета за секојдневно носење, додека црната етикета со бели букви значи дека облеката и обувките се од висок премиум квалитет и дека колекцијата содржи поелегантни и пософистицирани парчиња.
Понатаму, кафеавата етикета означува врвен квалитет и елитна или премиум колекција, со парчиња слични на оние што ги носат познатите личности.
Сивата или пругастата етикета се однесува на линија која вклучува лежерни, тренди парчиња наменети за помладата публика, додека кремастата етикета е специјална и се користи за ограничени изданија со модерен и ексклузивен дизајн.








