Фармацевтка предупредува: „Внимавајте, овој чај можеби ги саботира вашите суплементи – еве што треба да знаете“

Точка

25/10/2025

17:16

721

Големина на фонт

а а а

оединенијата што го прават зелениот чај корисен всушност можат да влијаат на апсорпцијата на одредени лекови и додатоци во исхраната.

Зелениот чај е познат по своите бројни здравствени придобивки – богат е со антиоксиданти, особено епигалокатехин галат (ЕГЦК), кој помага во работата на срцето и регулирањето на телесната тежина.

Меѓутоа, како што предупредува фармацевтката Ребека Емч, истите соединенија што го прават корисен всушност можат да ја попречат апсорпцијата на одредени лекови и додатоци во исхраната.


Како што сè повеќе луѓе секојдневно земаат суплементи, важно е да се знае кои комбинации со зелен чај можат да бидат проблематични.

Додатоци на железо

Зелениот чај може да влијае на апсорпцијата на железото, особено на она од растително потекло, кое е инаку потешко да се апсорбира.

Ова се случува поради присуството на танини, полифеноли и калциум во чајот. Според зборовите на Емч, луѓето кои пијат повеќе од една шолја на ден може да имаат помали резерви на железо, особено жените во пременопауза.


Луѓето кои земаат додатоци на железо треба да почекаат најмалку еден или два часа пред или по консумирањето зелен чај, пишува „Итинг вел“ (EatingWell).

Суплементи што содржат стимуланси

Зелениот чај природно содржи кофеин, па затоа комбинирањето со додатоци кои исто така го стимулираат нервниот систем може да предизвика забрзано работење на срцето, зголемен крвен притисок и нервоза.

„Комбинирањето на зелен чај со стимуланси може да доведе до зголемена активност на нервниот систем и симптоми на анксиозност“, објаснува д-р Емх.


Покрај кофеинот, зелениот чај содржи и теобромин и теофилин, кои дополнително го засилуваат овој ефект, па затоа експертите советуваат внесувањето на вакви додатоци да се прави во интервал помеѓу внесувањето на вакви суплементи и пиењето чај.

Витамини од групата Б

Зелениот чај може да ја попречи апсорпцијата на одредени витамини од групата Б, особено на фолната киселина и витаминот Б12.

Според зборовите на експертите, полифенолите и кофеинот можат да ја намалат способноста на телото да ги користи овие витамини. Иако истражувањето е ограничено, ефектот е поверојатен кај луѓе кои веќе имаат недостиг на витамини од групата Б и пијат големи количини зелен чај.


За да се обезбеди подобра апсорпција, се препорачува овие витамини да се земаат во различно време од денот кога се пие чај.

Суплементи за разредување на крвта

Зелениот чај во големи количини може да го попречи дејството на суплементите за разредување на крвта, како што се рибино масло, гинсенг, лук или гинко.

„Зелениот чај содржи мали количини на витамин К, што може да ја намали ефикасноста на овие додатоци или лекови ако се земаат во големи количини“, објаснува Емч.

Луѓето кои редовно пијат зелен чај или користат екстракти од зелен чај треба да се консултираат со својот лекар или фармацевт пред да земат вакви суплементи.


На крајот, експертката за исхрана Џинџер Халтин нагласува дека е клучно да бидете информирани за можните интеракции и да не претпоставувате дека сè што е „природно“ е автоматски и безопасно.

„Важно е да соработувате со вашиот фармацевт и нутриционист за да разберете што е безбедно за вашите потреби“, заклучила Халтин.