Кога данскиот кралски пар приредува свечен прием во палатата, вообичаено кралицата имаме прилика да ја видиме во бајковити изданија, но Мери од Данска сега избрала да носи моќен деловен стајлинг – и тоа не случајно.
Во Копенхаген почнува Самитот на Европската политичка заедница, а воочи овој настан кралот Фредерик Х и кралицата Мери од Данска приредиле свечена вечера за учесниците во Палатата.
Данскиот кралски пар ги пречекал претставниците на европските држави кои ќе се состанат на самитот, а бил облечен во состав со приликата, многу елегантно.
Кралицата Мери која главно во вакви прилики носи свечени фустани, сега избрала да носи поразличен стил и ги дочекала функционерите во долг црн капут којшто е од брендот „Harris Wharf London“ и бел комплет.
Данската кралица се определила за минималистички капут на преклоп, со едно копче и без крагна, додека под него носела длабоки панталони со широка ногавица и интересна блуза со руска крагна од брендот „Carla Zampatti“.
Таа носела и црни салонки од брендот „Gianvito Rossi“ со бел врв и шик плико-чанта од модната куќа „Diane von Fustenberg“.
Својот деловен аутфит го надополнила со дијамантски обетки и едноставна вечерна шминка, додека пак косата ѝ била стилизирана во пунџа.
Иако данската кралица изгледала елегантно како и секогаш, ова бил полежерен изглед од оние на кои сме навикнале кога со сопругот организирала свечени приеми во палатата.
Овојпат правилата за облекување за вечерата која ја приредиле сепак биле деловен стил, па токму затоа и кралот Фредерик носел костум, а не униформа.