Познатата актерка Емили Блант ги маѓепсала присутните на премиерата во Лос Анџелес.
Таа не само што беше гламурозна и елегантна, туку и зрачела со луксуз благодарение на внимателно одбраниот накит кој засени сè.
За таа пригода, Емили позирала во црвен фустан со отворен грб украсен со кристали и монистра, но според „InStyle“, накитот од „De Beers“ привлекол најголемо внимание.
Имено актерката носела обетки од 18-каратно бело злато и нараквица, а покрај тоа таа имала и уште две дијамантски нараквици, едната од платина, а другата од бело злато.
Изгледот го надополнила со ефектна колекција прстени, а „бесконечниот прстен“ со дијамант во средината особено се издвоил.
Според извештаите, Блант носела накит во вкупна вредност од 207.100 евра.
Инаку Џесика Пастер, позната по своите соработки со други познати ѕвезди, меѓу кои и Парис Џексон, била заслужна за овој изглед на убавата актерка.