Памела Андерсон беше „синоним“ за русокоса веќе четири децении наназад, а сега ги изненади сите со промена на бојата на косата. На социјалните мрежи се појавија фотографии каде наместо руса коса, таа носи кратка „shag“ фризура во стилот на 70-тите во бакарни нијанси.
Од почетокот на нејзината кариера, Памела е препознатлива по нијансите на шампањ, платина, мед, па дури и по светлата карамела, додека се појавувала како Барб Вајр и Си Џеј Паркер во серијата „Baywatch“.
Меѓутоа, по неколку децении, Андерсон решила да направи голема промена и ја обоила својата руса коса, која претходно ја скратила, во нежни црвеникави тонови.
Во текот на изминатите неколку години, Памела доста се промени од имиџот што ја следеше од „Baywatch“. Сè започна со отфрлање на „smokey eye“ и целосно отфрлање на шминката, до остра боб фризура на Мет Гала, а неодамна ги откри локните во стилот на Грејс Кели.
Сè започнало во 2023 година, кога актерката без шминка присуствувала на Модната недела во Париз – неочекувано контроверзен потег.
„Го правам ова за сите девојки. Имав паштерки од претходни врски, а моите синови имаат девојки, и ова беше за нив. Во денешно време, дали воопшто знаеме како изгледа едно лице? Еве го тоа“, рече тогаш Памела.
Фризурата „shag“ за првпат се појави за време на златниот период на рокенролот во 1970-тите, а Мик Џегер го предводеше трендот.