[ФОТО] Амал Клуни се појавила во фустан којшто го одзема здивот: Оваа жена каде и да се појави го краде вниманието

Кармин

30/09/2025

15:00

1.099

Големина на фонт

а а а

Амал Клуни повторно покажа дека е модна кралица на секој црвен тепих.

На отворањето на „New York Film Festival“, адвокатката и хуманитарка се појавила во гламурозно издание кое привлекло големо внимание.


Таа носела фустан со потпис на модната куќа „Оскар де ла Рента“ кој бил дел од нивната колекција есен/зима 2025 година.

Амал избрала минијатурен фустан со голи рамена, чиј долен дел бил украсен со тродимензионални цветови во богати тонови на црвената и златна боја.

Ефектот на цветен волумен на фустанот му дал разигран, но и многу луксузен впечаток, додека пак горниот дел од креацијата ја нагласил елеганцијата и софистицираноста.

Амал нејзиното модно издание го надополнила со чанта со иста боја на фустанот како и елегантни салонки со висока потпетица кои на целиот аутфит му дале доза на гламур.


Накитот којшто го носела бил минимален, со што се истакнал фустанот, чиј долен дел наликува на букет од цвеќиња и бил во центар на внимание.

Амал на црвениот тепих се појавила рака под рака со сопругот, актерот Џорџ Клуни којшто облекол класичен, темен костум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk