Манекенката Хејли Бибер беше една од ѕвездите кои ја следеле ревијата на Сен Лоран за време на Модната недела во Париз, а се најде во центарот на вниманието благодарение на модното издание кое се состоело од „пижама“ шорцови со тантела, потпетици и бомбер јакна.
Бибер сигурно беше една од највпечатливо облечените гостинки на шоуто, а се појави во кафеава бомбер јакна која ја искомбинирала со кратки шорцови во путер жолта боја со тантела.
Споменатото парче изгледаше како долен дел од пижами, а под шорцовите Хејли носела и проѕирни хулахопки и портокалови влечки со висока потпетица.
Хејли изгледот го надополнила со неутрална шминка и очила за сонце, а била во друштво на Зои Кравиц, која носела слична модна комбинација, додека на ревијата биле и пејачките „Charli xcx“ и Rosé.
Меѓутоа додека Бибер привлекувала вниманието во публиката, на пистата се појави Бела Хадид, што беше нејзино прво јавно појавување откако била хоспитализирана поради Лајмска болест.
Во уникатна атмосфера со Ајфеловата кула во заднина, Бела самоуверено чекорела по пистата.
Инаку оваа Модна недела во Париз, која следи по историската во Милано, треба да претстави близу 10 различни брендови со нови креативни директори по серија нови назначувања во текот на изминатата година.