Додека фановите шпекулираат дали Адел присуствувала на свадбата на Селена Гомез или на некоја друга, едно е сигурно – пејачката изгледала спектакуларно.
Пејачката Адел во текот на изминатиов викенд присуствувала на венчавка во Калифорнија, но сѐ уште не е јасно дали станува збор за свадбата на Селена Гомез и нејзиниот избраник или некоја друга.
Додека на социјалните мрежи се шпекулира дека британската суперѕвезда ја славела љубовта на познатиот пар, други веруваат дека станува збор за венчавка на нејзина пријателка, но едно е сигурно – Адел изгледа величествено.
На социјалните мрежи се појавила фотографија од Адел на која носи црн фустан од брендот „Mamar Halim“, креација со асиметричен и спуштен струк, чија цена изнесува дури 3.470 евра.
Фустаните со низок струк во последно време се во тренд, а тие се сметаат за одличен начин фигурата визуелно да се издолжи, да се скријат килограмите во средишниот дел од телото, во што секако помага црната боја.
Пејачката со обожаван глас избрала модел којшто е асиметричен и со голи раменици, а има долги ракави и долг долен дел полн со волумен.
Adele stuns in Marmar Halim Draped Gown - $4,415 pic.twitter.com/nGnlmYdK9i
— gabe | saw adele 2x (@probdaydreaming) September 28, 2025
Пејачката за оваа прилика избрала да носи комбинација која е спој на ефектната елеганција и модната класика. Сепак, направила и мал моден престап затоа што се појавила во црна боја.
Добро е познато дека белата облека е забранета на венчавките за сите освен за невестата, но традиционално се избегнува и црната затоа што симболизира тага, жал, па може да делува непристојно на свеченоста каде се слави љубовта и новиот почеток.