Без многу комплицирање, полевање и оптоварување со ѓубриво, прекрасното растение е познато по своите шарени лисја, а ќе напредува и доколку не може да го изложите на светлина.
Есента е период кога сѐ повеќе време поминуваме во затворена просторија наместо во природа, па собните растенија се вистински украс за домот и извор на пријатна атмосфера.
Освен што го облагородуваат ентериерот, тие го прочистуваат воздухот, внесуваат свежина и влијаат на расположението поради што се незаменливи во текот на облачните денови.
Есента исто така е време за малку опуштање кога станува збор за растенијата затоа што потребно им е помало полевање и помала нега отколку во текот на летниот период.
Меѓу собните растенија кои особено се издвојуваат за есен дефинитивно е дифенбахијата, декоративно растение со крупни, шарени лисја кое потекнува од тропските краеви на Јужна Америка.
Тоа е совршен избор за сите кои сакаат атрактивни растенија со декоративни лисја, а немаат многу време за одржување. Дифенбахијата во беспрекорни услови може да живее и до 10 години.
Со мало внимание и правилна нега, може да биде долговечен украс на вашиот дом и вистински сојузник во креирање пријатна есенска атмосфера.
Идеална позиција – не ѝ годи сонце туку полуосветлени места, што ја прави одлична за становите и просториите кои се слабо осветлени.
Полевање – доволно е да се полева правилно и умерено затоа што земјата не треба да биде ни сува ни премногу натопена, а листовите пожелно е повремено да ги бришете со влажна крпа за да бидат сјајни и здави.
Ѓубрење – во текот на есента и зимата, кога растението побавно расте, ѓубрењето не е често потребно.
Растение кое бара внимание – иако важи за издржливо растение треба да знаете дека дифенбахијата е отровна доколку се внесе во организмот.