Марта Стујарт, ТВ ѕвезда и една од жените која дава совети за секојдневниот живот во изминативе години, има 84 години и изгледа неверојатно.
Таа веќе со децении се грижи каква храна внесува во организмот и многу се движи.
„Се трудам да одам на пилатес повеќе пати неделно. Нема да почнам да живеам лошо затоа што стареам“, изјавила во една прилика таа.
Марта Стјуарт во една прилика открила 6 правила за негувана кожа до кои се придржува, а кои ѝ помагаат да изгледа младолико и во деветтата деценија.
Едно од тие правила се однесува на тоа дека секој ден пие зелен сок.
Без коктелот од хранливо овошје и зеленчук таа не излегува од дома. Оваа комбинација го јакне имунитетот, дава енергија и ја негува кожата и косата.
- 1 зелена круша;
- 2 стебла целер;
- 2 краставици;
- 1 китка магдонос;
- 1 парче свеж ѓумбир;
- 2 парчиња портокал со кора.
Зелениот сок по рецептот на Марта Стјуарт се подготвува многу лесно така што се процедуваат состојките низ соковник, а потоа се става во чаша и се пие.
На здравје!