[ФОТО] Ова е новата уредничка на „Vogue“: Има 39 години, сопруг и две деца, а нема да поверувате чија ќерка е

Точка

02/09/2025

17:39

919

Големина на фонт

а а а

Глобалната уредничка на списанието „Vogue“, Ана Винтур, и издавачот Конде Наст ја избрале Клои Мал за нова уредничка на ова престижно модно списание.

По објавата на Винтур претходно оваа година дека ќе се повлече од позицијата главна уредничка на списанието „Vogue“, доаѓа нова уредничка на американското издание, која последен пат беше избрана во 1988 година.

Иако првичните гласини сугерираа дека Џеф Безос сакал да го купи списанието за својата сопруга, Лорен Санчез Безос, таа гласина се покажа како лажна. Ќерката на актерката Кандис Берген и францускиот филмски режисер Луис Мал е избрана да гo заземе местото на Ана Винтур.


Списанието „Vogue“ ја објави оваа вест, откако биле спроведени низа различни интервјуа и тестови за најдобриот кандидат, а издавачот на „Vogue“, Конде Наст, на „Linkedin“ дури објави оглас за нов уредник на списанието.

Порано, „Дејли мејл“ преку неименувани извори тврдеше дека Клои е главната кандидатка за наследничка на Ана Винтур, што сега се покажа како вистина.

Која е всушност Клои Мал (39)?

Дипломирала на Универзитетот Браун, а му се приклучила на „Vogue“ во 2011 година и постојано се напредувала во хиерархијата. Во 2023 година, таа беше назначена за уредничка на порталот на американскиот „Vogue“ и исто така таа е ко-водителка на поткастот „The Run-Through with Vogue“.


Нејзиното уредничко портфолио вклучува интервјуа со низа јавни личности.

Таа разговарала со Лорен Санчез Безос за насловната сторија на списанието претходно оваа година, а исто така и ја интервјуирала во 2023 година. Нејзините текстови биле објавени во „Њујорк тајмс“, „Волстрит џурнал“, „Архитектурал дајџест“, „WWD“.

Таа, исто така, направила профил интервјуа со Френ Лебовиц, Џена Лионс, Френ Дрешер и Марго Роби, меѓу другите.


„Мојата кариера во Vogue ја поминав работејќи на сите платформи, од печатена до дигитална, од аудио до видео, настани и социјални мрежи“, рече Клои во објавата на списанието. „Го сакам насловот, ја сакам содржината што ја создаваме и ги сакам уредниците кои ја создаваат. Vogue веќе ме обликуваше мене, а сега сум возбудена за можноста да го обликувам Vogue“.

Иако некои би можеле да се запрашаат дали познатите семејни врски на Клои одиграле улога во нејзиниот подем, сепак нејзината кариера во новинарството и модните медиуми трае повеќе од една деценија. Многумина ја обвинуваат за непотизам, но тоа не е точно.


Како ќерка на Берген, најпозната по своите улоги во „Марфи Браун“ и „Бостоновски адвокати“, Клои пораснала окружена со истакнати личности од светот на забавата и културата. Познато е дека Берген и Винтур се движат во слични општествени кругови, иако нема јавна потврда за блиско лично пријателство.

Покрај Клои, Никол Фелпс, глобалната директорката на „Vogue Runway“, наводно се сметала за силна кандидатка за нова уредничка, но Клои сепак успеала да ја победи.

Назначувањето на Клои означува значајна промена за списанието бидејќи влегува во нова ера без Винтур на чело, иако таа сè уште ќе го надгледува уредувањето како глобална уредничка, така што нема целосно да се повлече.

Инаку Клои Мал живее на Менхетен, Њујорк со својот сопруг, двете деца и нивното куче, Лојд.


Ана Винтур, која го водела „Vogue“ од 1988 година, беше една од највлијателните личности во модната индустрија со децении, а дури и ја нарекуваа „кралица на модата“. Клои Мал сега застана на позиција која носи и огромно влијание и високи очекувања, а најголемото очекување е да ги следи стапките на Винтур.

Новата одлука на Винтур и Конде Наст ќе го одреди идниот уреднички глас на „Vogue“, а исто така ќе сигнализира како списанието планира да се развива во пост-Винтур ерата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk