Веќе со години модата и спортот одат рака под рака, а похрабрите спортисти не се двоумат да експериментираат со цел да остават впечаток на теренот како со играта така и со стилот.
Тоа нѝ го покажа Новак Ѓоковиќ на самиот почеток од овогодишниот УС Опен, кој носеше необична јакна инспирирана од неговите рекорди во тенисот, а Наоми Осака исто така се осмели за мал моден спектакл во Њујорк.
Пред нејзиниот прв натпревар на турнирот, кој го освои во 2020 година, јапонската тенисерка излезе на теренот во црвена модна комбинација полна со интересни детали.
Имено Осака носеше кратка спортска јакна украсена со кристали, „bubble“ мини-здолниште, а изгледот дополнително го нагласи со црвени, светкави слушалки и рачно изработени ЗД рози што светкаа во нејзината коса, врзана во тенки плетенки.
Меѓутоа пред натпреварот, Осака мораше да ги отстрани повеќето од украсите од косата, но остави неколку рози.
Тенисерката потоа во интервју по натпреварот ја покажа својата Лабубу фигура, која исто така беше покриена со црвени кристали и откри дека ја нарекла Били Џин Блинг, во чест на легендарната тенисерка Били Џин Кинг.
Исто така Наоми изјави дека со месеци работела на идејата за својот изглед за УС Опен, но дека конечното решение за фризурата го избрала две недели пред почетокот на турнирот. Инаку Јапонката победи во првиот натпревар против Грет Минен со 2:0 во сетови.