Мандатот на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед стана синоним за неуспех. „Црвените ѓаволи“ синоќа го допреа дното, испаднаа во второто коло во Лига купот од членот на Четвртата лига, Гримзби, што се смета за историски неуспех.
Рубен Маорим, донесен да го стабилизира тимот, стана најлошиот менаџер во поновата историја на славниот клуб. Катастрофата на Јунајтед под Аморим ја покаѓуваат и бројките.
Катастрофата против Гримзби достигнува епски размери бидејќи летово Јунајтед на засилувања потрошија 200 милиони фунти.
Аморим победил на само 24,7 отсто од натпреварите во Премиер лигата, што е најлош учинок на кој било менаџер на Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
За споредба, често критикуваниот Дејвид Мојес имаше половичен успех, победи на 50 отсто од натпреварите, додека Жозе Мурињо е убедливо најдобар со 58,3 отсто победи.
Јунајтед победи само на седум од 29 лигашки натпревари под водство на Аморим, односно тимот победува на еден од четири натпревари, учинок што му доликува на тим во зоната за испаѓање.
Минатата сезона беа освоени само 42 бода, најмалку во историјата на клубот во Премиер лигата, додека 15-то место на табелата е најлошата позиција откако лигата се игра во овој формат.
Тимот постигна само 44 гола во текот на целата сезона, соборувајќи уште еден негативен рекорд.
Јунајтед ретко постигнувал голови во првата половина од натпреварите, во петте најдобри европски лиги, само Џенова била понеефикасна во првите 45 минути од почетокот на сезоната 2024/25.
Фактот дека Аморим има водено повеќе натпревари во Премиер лигата (29) отколку што има добиено (28) е особено разочарувачки.
Во домашните купови и во Европа, против англиски клубови, Аморим има само една победа од пет натпревари, против Арсенал на пенали во ФА Купот.
Тие беа поразени од Тотенхем (двапати), Фулам и во среда од четвртолигашот Гримсби.