УЕФА го смени терминот на финалниот меч во ЛШ

Макфакс

28/08/2025

15:16

441

Големина на фонт

а а а

УЕФА воведе новитет помалку невообичаен. Од оваа сезона финалето на Лигата на шампионите ќе се одржува во 18:00 часот.

Досега, финалниот меч за највредниот трофеј во клупскиот фудбал се одржуваше во 21:00 часот, но тоа повеќе нема да биде случај.

Како што вели првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, оваа новина е донесена првенствено поради навивачите.

„Со оваа промена, го ставаме навивачкото искуство во центарот на нашите планови. Финалето на Лигата на шампионите е клучен момент од фудбалската сезона и новото време на почеток ќе го направи уште подостапно, инклузивно и важно за сите вклучени. Додека терминот од 21:00 часот е посоодветен за натпревари што се играат во средината на неделата, пораното започнување на финалето во сабота значи порано завршување на натпреварот, без оглед на евентуалните продолженија, пенали. А ова им дава поголема можност на навивачите да уживаат со остатокот од вечерта со своето семејство, пријатели, гледајќи го најважниот натпревар во сезоната“, објасни Чеферин.

Првото финале, кое ќе се игра од 18:00 часот, ќе биде на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, каде што ќе се игра следниот натпревар за титулата европски шампион.