Шпанската пејачка Паула Рибо, позната и како Ригоберта Бандини, стана вирална по објавувањето на снимката од нејзиниот настап на сцената на фестивалот „Canarias People“ во Санта Круз, Тенерифе.
Имено Паула и нејзините танчарки ги покажале своите голи гради за време на изведбата на песната „Ay Mamá“. Пејачката го спушти горниот дел од фустанот и го соблече градникот, па го фрли во публиката. Снимката од овој перформанс брзо стана вирална на социјалните мрежи.
Инаку Рибо сакала со оваа песна да учествува на Евровизија. Сепак, на националниот избор за 66-от Евровизиски натпревар, таа заврши втора, зад песната „SloMo“, изведена од Шанел. Иако не учествуваше на Евровизија, нејзината песна „Ay Mamá“ стана хит во Шпанија.
Зошто ги покажува градите за време на песната?
Ова не е прв пат Паула да ги покаже своите гради за време на изведбата на оваа песна. Песната ги содржи стиховите „исфрлање на едната града во чист Делакроа стил“ и „не знам зошто нашите гради се толку страшни, без нив немаше да има човештво ниту убавина“.
Ригоберта ја нарече песната „феминистички крик“ создаден за да им се „оддаде почит на мајките и на сите жени“.
Која е Паула Рибо?
Паула Рибо Гонзалез е родена во Барселона во 1990 година. Таа ја гради својата кариера уште од детството, кога го синхронизирала главниот лик од анимираната серија „Caillou“ на седумгодишна возраст. Таа продолжила да работи како гласовна актерка на каталонски и кастилски јазик за меѓународни компании како што се „Универзал“ и „Дизни“, глумејќи во големи продукции како што се „Петар Пан“, „Сага на самракот“ и трилогијата „Дивергент“.
По дипломирањето на „Institut del Teatre“, ја започнала својата музичка кариера во 2011 година со пријателките од факултет. Паралелно со нејзиниот придонес во филмот, Рибо основала своја театарска продукциска куќа, режирала четири претстави, глумела во шест и напишала четири сценарија.
Во 2019 година, Рибо го лансираше својот втор музички проект под псевдонимот Ригоберта Бандини. Нејзиниот трет сингл „In Spain We Call It Soledad“, објавен во 2020 година, стана вирален на Спотифај и ѝ донесе голема популарност. Во 2022 година, таа постигна национално признание освојувајќи го второто место на фестивалот Бенидорм во трката за претставување на Шпанија на Евровизија 2022 со песната „Ay mamá“.