20 години подоцна – таа се потсети на најболниот период од својот живот: Џенифер Анистон за бурниот развод од Бред Пит

Точка

12/08/2025

19:19

2.595

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Анистон ретко во медиумите се осврнувала за разводот од Бред Пит и сè тоа што го следело љубовниот триаголник во кој се нашла. Еве што рече неодамна во интервју за „Vanity Fair“.

Првото интервју по разделбата го даде во 2005 година, за списанието „Венити фер“, а откри дека долго време воопшто не го прочитала тој текст.

„Се сеќавам само на тоа искуство, кое беше малку потресно. Тоа беше многу ранлив период. Но, да, беше за во мемоари. Новинарството тогаш ми изгледаше како некаков спорт. Очигледно сите имаме некакво ПТСР, поради што интервјуата ме плашат“, изјавила таа.


Пит ја остави Анистон поради Анџелина Џоли, а медиумите, како што вели, „направиле оброк“ од нив тројца. Денес таа го нарекува тој период од својот живот „љубовен триаголник“.

Анистон раскажа дека го пребродила скандалот така што „продолжила да оди“ и покрај сите проблеми.

„Тоа беше толку вкусно четиво за луѓето. Ако немаа свои сапуници, имаа свои таблоиди. Штета што тоа мораше да се случи, но се случи. И го сфатив лично“, рече таа, додавајќи дека немала ‘доволно силна конституција’ за да ги игнорира сите шпекулации за нејзината тогашна врска.

„Ние сме човечки суштества, иако некои луѓе не сакаат да веруваат во тоа. Тие мислат: ‘Се пријави за ова и ќе го прифатиш’. Но, всушност, не се пријавивме за тоа“, истакна актерката.

Пит и Анистон се запознаа во 1998 година, откако нивните агенти им организирале состанок. Година подоцна се свршија, а во 2000 година се венчаа. Четири години подоцна, Пит почна да го снима филмот „Господин и госпоѓа Смит“ (Mr. & Mrs. Smith) со Џоли, и брзо се појавија гласини дека се зближиле на снимањето. Во јануари 2005 година, Пит и Анистон објавија дека се разведуваат.


„Оваа одлука е резултат на долго и внимателно размислување. Остануваме посветени и грижливи пријатели со многу љубов и восхит еден кон друг“, наведоа во заедничката изјава.

Гласините за наводната неверство на Пит се засилија кога актерот беше виден во Кенија со Џоли и нејзиниот син Медокс, само три месеци по објавата за разводот.

Набргу потоа, Пит и Џоли јавно ја потврдија врската. Се венчаа во 2014 година и заедно одгледаа шест деца. Во 2016 година се разделија по жестока расправија, а разводот го финализираа дури неодамна, по долга судска постапка.


По разводот од Пит, Анистон го запознала Џастин Теру во 2007 година. Врската ја започнаа во 2011, се венчаа четири години подоцна, а по три години се разделија.

И покрај бурниот развод, Анистон и Пит останаа во добри односи. Пред неколку години, Пит присуствуваше на нејзиниот 50. роденден, а во 2020 година ја изненадија јавноста кога се прегрнаа на доделувањето на наградите на Здружението на актерите.