Американската пејачка доживеала непријатност на концерт во Алмати, Казахстан. Имено, скакулец слетал на неа, а снимката го привлече вниманието на бројни корисници на социјалните мрежи.
Додека пеела, скакулецот се качувал по нејзиниот вратот. Но Лопез не дозволи тоа да ѝ го одвлече вниманието, останувајќи професионална до крајот на изведбата.
„Ме скокоткаше“, рече таа, а публиката аплаудираше. На крајот го отстрани. Снимката беше објавена на нејзината фан-страница „On The Jlo“, а пејачката ја сподели на својот профил.
„Секогаш професионална“, „Среќен скакулец“, „Да ми се случеше ова мене, ќе врескав“, беа дел од коментарите под снимката.
Потсетуваме, неодамна на Џеј Ло ѝ беше забранет влез во бутикот на Шанел во Истанбул. Кога обезбедувањето ѝ кажало дека не може да влезе, пејачката не се вознемирила и само рекла: „Добро, нема проблем“ по што си заминала.
Потоа персоналот на бутикот ѝ пристапил, се извинил и ја поканил повторно внатре, но таа ги одбила. Причината зошто првично одбиле да ја пуштат во продавницата сè уште е непозната.
Лопез утре ја продолжува својата турнеја „Up All Night: Live in 2025“, кога ќе настапи во хотелот „Cala di Volpe“ во Сардинија.