[ФОТО] Хурем го прослави роденденот цела „во злато“, како вистинска султанка: Позираше босонога со семејството и послужи уникатни торти

Точка

13/08/2025

09:37

1.914

Големина на фонт

а а а

Турската актерка Мерјем Узерли, која публиката ја засака по улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“ вчера го прослави својот роденден. Наместо гламурозна забава и рефлектори, Мерјем одлучи овој посебен ден да го помине во кругот на семејството.

Нејзината сестра, родителите и двете ќерки беа присутни на прославата што ја организираше познатата султанка Хурем по повод нејзиниот 42-ри роденден, а судејќи според фотографиите, атмосферата беше исполнета со смеа, прегратки и нежни семејни моменти.


На масата доминираа елегантни роденденски торти со фотографии од членовите на нејзиното семејство, а просторијата беше украсена со цвеќиња и балони во златни тонови.


Мерјем блесна во златен фустан, а со широка насмевка позираше со нејзината сестра Џанан. Сестрата на познатата султанка исто така носеше фустан во златни тонови, а двете позираа боси, докажувајќи колку опуштена била атмосферата во домот по повод нејзиниот роденден.



Инаку Џанан Узерли, сестрата на Мерјем, исто така се занимава со уметност. Сепак, таа не се одлучила за глума, туку за музика; таа има свој џез бенд со кој успешно настапува ширум Германија. Како и нејзината позната сестра, Џанан има голем број следбеници и на Инстаграм, каде што често објавува фотографии со членови на семејството, како и фотографии од настапи.


Освен Џанан, на прославата на роденденот присуствувале и родителите на славеничката – мајката Урсула и таткото Хусеин.


И тие двајца беа облечени во златни тонови, исто како ќерките на познатата актерка, Лара и Лили, кои уживаа во топлата семејна атмосфера.


Мерјем им се заблагодари на сите за честитките на социјалните мрежи и истакна дека нејзиниот најголем подарок е времето поминато со оние што ги сака.