Манекенката Бела Хадид направи кратка пауза од модата и се посвети на претприемништвото. Имено таа има свој бренд на парфеми, но работи и на кариера како коњаник, со оглед на тоа што јавањето е нејзина страст уште од порано.
Меѓутоа позната убавица не се откажала од Инстаграм, па нејзините предизвикувачки фотографии и понатаму се тука и се вистинска инспирација.
Овој пат таа посакала да го изрекламира својот нов парфем, меѓутоа, може да се каже дека рекламата „не успеала“ кога се појави таа и ги засени сите со провокативното модно издание.
Хадид позираше во проѕирен горен дел под кој не носеше градник, па сè беше видливо и јасно е дека повеќето дури и не го забележаа парфемот.
Манекенката го комбинираше проѕирниот, златен горен дел со карирани панталони со низок струк, па нејзините стомачни мускули беа особено видливи, како и нејзината слабост, што повторно го привлече вниманието на нејзините следбеници.
Меѓутоа, под нејзината објава за кратко време се насобраа главно позитивни коментари, а Бела уште долго нема намера да му се врати на манекенството, иако некогаш беше најбарана.
Инаку таа моментално ужива во Тексас, каде што се пресели со своето момче, Адан Бануелос, кој исто така се занимава со јавање.
„Не е прв пат да покажувам лажно лице. Ако не се чувствувам добро, нема да одам. Ако не се чувствувам добро, ќе одвојам време за себе. Никогаш порано не сум имала можност да го направам или кажам тоа. Сега кога некој ќе ги види моите фотографии и ќе каже дека изгледам среќно, навистина сум. Се чувствувам подобро, моите лоши денови сега се мои стари добри денови“, неодамна изјави манекенката.