Шпанските и српските медиуми вчера ексклузивно пренесоа дека Лука Јовиќ го одбил Овиедо и ја стопирал операцијата за враќање во Ла Лига, а истовремено, стана јасно дека во најскоро можно време ќе биде претставен во новиот клуб.
Станува збор за грчкиот великан АЕК, кој денеска преку социјалните мрежи и официјално се пофали со големото летно засилување кое доаѓа како слободен агент.
Напаѓачот кој некогаш го чинеше Реал Мадрид 60 милиони евра не успеа да забележи прогрес какошто се очекуваше, па по неколку тешки и турбулентни сезони во Серија А, му беше покажана излезната врата од Милан.
Јовиќ стана слободен агент на почетокот на месец јули, а еден месец подоцна, си пронајде нова средина, откако претходно одби две понуди.
Србинот првично беше пред трансфер во мексикански Круз Азул, потоа во Овиедо, но на крајат ги облече клупските обележја на АЕК.