Аморим може да биде задоволен, Јунајтед конечно договори нов напаѓач

Дерби

06/08/2025

12:13

830

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим не успеа да го убеди Виктор Ѓекереш на трансфер во Манчестер Јунајтед, но затоа наскоро ќе добие нова квалитетна „деветка“ во својот тим.

Познато е дека „црвените ѓаволи“ периодов почнаа преговори за Бенџамин Шешко, но најновата информација е дека Јунајтед успеал да го убеди фудбалерот во својот проект и тој решил да се пресели на „Олд Трафорд“.

Понуда за Шешко до РБ Лајпциг испрати и Њукасл, но угледниот новинар Дејвид Орнстајн тврди дека Јунајтед постигнал договор со бундеслигашот и ќе ја добие битката за Словенецот.

Главната причина за позитивниот развој на настаните е фактот што Јунајтед понудил повеќе пари, односно ќе плати фиксни 82,5 милиони евра и евентуални 2,5 милиони евра во вид на бонуси.

Истовремено, Аморим и неговите соработници разговарале со фудбалерот и тој прифатил да ја избере оваа опција, што беше подеднакво важно во оваа ситуација.