Фудбалер на Реал посакува да го премисли Чаби, но истовремено се надева на понуда од Премиер лигата

Дерби

06/08/2025

14:58

369

Големина на фонт

а а а

Доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид очекувано ќе донесе одредени промени во однос на формацијата, но и изборот на фудбалери кои ќе добијат посериозна шанса.

Во моментов Родриго не е во прв план, посебно што Чаби форсира формација со двајца напаѓачи, а покрај Мбапе и Винисиус, на располагање ќе ги има и Гонзало Гарсија и Франко Мастаунтоно.

Не треба да се заборави и повредениот Ендрик, кој напорно работи за побрзо да се врати во комбинација за тренинзи и настапи.

Бразилецот работи напорно на тренинзите и се надева дека ќе се наметне кај тренерот, за да може да добие шанса на натпреварите, но истовремено се надева и на понуда од Премиер лигата.

Родриго е фаворит на Тотенхем за замена за капитенот Сон и се претпоставува дека премиерлигашот е подготвен да понуди околу 60 милиони евра за неговиот потпис.

Сепак, засега нема пристигнато понуда од Лондон и Родриго и натаму е во неизвесност, која ќе станува се поголема во финишот на преодниот рок.