Кевин де Брујне по долг период се раздели со Манчестер Сити и во новата сезона ќе го носи дресот на Наполи, што подразбира дека ќе работи со уште еден квалитетен и трофеен тренер.
По долгата соработка со Пеп Гвардиола, Белгиецот сега треба да ги слуша советите на Антонио Конте, а самиот Де Брујне направил споредба меѓу двајцата стручњаци.
– Мислам дека двајцата имаат целосно различен пристап во однос концептот на игра.
– Пеп веројатно повеќе внимание посветува на контролата на топката и поседот, додека Коне има поструктуиран пристап и најмногу внимание посветува на менталитетот.
– Нормално е да постојат разлики, секој тренер има свои уникатни принципи и карактеристики, – рекол белгискиот интернационалец.