Ливерпул прифатил понуда за Дарвин Нуњез

Дерби

06/08/2025

12:46

312

Големина на фонт

а а а

Раководството на Ливерпул летово инвестираше навистина голема сума во засилувања, но подеднакво добро работи и на излезните трансфери, со кои покри и голем дел од досегашните вложувања во трансфери.

Откако вчера беше официјализиран трансферот на младиот Тајлер Мортон, актуелниот англиски првак е подготвен и за брза разделба со Дарвин Нуњез, кој одамна знае дека треба да си најде нов клуб.

Најновата вест вели дека Ливерпул има вербален договор со Ал Хилал и останува да се прецизираат само детали, додека истовремено агентите на Уругваецот ги договараат личните услови на фудбалерот.

Тренерот Симоне Инѕаги има позитивно мислење за Дарвин и го одобрил трансферот, а се очекува клубот од Саудиска Арабија да плати околу 65 милиони евра за ова засилување.

Ливерпул му дозволил на азискиот клуб да преговара со Нуњез, па доколку нема пречки со одлуката на фудбалерот, премиерлигашот наскоро ќе ја надмине сумата од 200 милиони евра во продажби.