Земјата крие темпирана бомба, научнциите го објавија новото истражување: „Ова може да го избрише животот каков што го познаваме“

Точка

16/07/2025

18:55

1.783

Големина на фонт

а а а

Новото откритие, објавено во магазинот „Communications Earth and Environment“ сугерира дека внатрешноста на Земјата е многу подинамична отколку што мислиме.

Експлозивните вулкански ерупции не предизвикуваат само материјална штета и откажување на летови. Тие можат да однесат стотици, па дури и илјадници животи – закопувајќи сѐ под себе во смртоносни пирокласични текови.

Сега научниците од Австралија можеби откриле што стои зад најразорната ерупција: големи и тајни структури кои се наоѓаат околу 2.000 километри под Земјината површина.

Станува збор за т.н. „дамки или меурчиња“ – тродимензионални структури со големина на континенти кои се издигнуваат и до стотина пати повеќе од Монт Еверест.


Тие меурчиња се наоѓаат на дното на Земјината обвивка, непосредно над надворешното јадро во подрачјето каде елементите се под толкав притисок што структурата речиси целосно им се менува.

Токму од тие региони тргнуваат големите струи на топлина, растопените карпи кои полека се издигнуваат кон површината, а потоа избиваат како лава, гасови или вулкански материјали – способни да го избришат животот каков што го познаваме.

Авторите на студијата предупредуваат дека големите вулкански ерупции можат да ги предизвикаат наглите климатски промени, па дури и да предизвикаат масовно изумирање.

Во минатото ваквите ерупции поттикнале настани кои довеле до најголемо масовно изумирање во историјата на Земјата – пред 252 милиони години.

Информациите за ова научно откритие ги објавил „Daily Mail“, повикувајќи се на студија од австралиски експерти од Универзитетот „Wollongong“ покрај Сиднеј.


Земјата е направена од три основни слоја – кора, обвивка и јадро кои се делат на внатрешни и надворешни.

Според новите истражувања, меурчињата се наоѓаат на самото дно на обвивката, меѓу 2.000 и 3.000 километри длабочина.

Иако е составена од карпи, баш како и останатиот дел од обвивката, научниците веруваат дека тие меурчиња се потопли и погусти од околниот материјал.

Користејќи компјутерски модели, истражувачите симулирале движење на обвивката во текот на милијарда години. Нивните модели покажале дека од меурчињата се издигнуваат растопени карпи кои бавно се движат кон површината.

Тие структури изгледаат како лижавчиња, со тенки „стапчиња“ кои се издигнуваат од длабочината и се шират кон врвот приближувајќи се до површината.

Според моделите, местата на кои се случуваат големи вулкански ерупции се судираат со локацијата на меурчињата или се многу блиску до нив, што сугерира дека тие претставуваат извор на вулканска активност длабоко во Земјината внатрешност.


Интересно е тоа што тие меурчиња се поместуваат исклучително бавно – во просек еднакво брзо колку што расте човековата коса во текот на еден месец.

Иако се стари и до стотина милиони години, сѐ уште не е јасно зошто и како се движат. Тие не ја пренесуваат растечената лава низ целата обвивка туку жешката, но цврста карпа. Дури во горните 200 километри, при низок притисок, таа карпа почнува да се топи и тогаш доаѓа до реална вулканска ерупција.

„Користевме статистика за да покажеме дека локацијата на минатите гигантски вулкански ерупции значително се совпаѓа со местата на нашите меурчиња од моделите“, објасниле авторите.