Името „Бондова девојка“ за кариерата е еднакво важно како и самата улога на најпознатиот фиктивен агент.
Знаеме покрај кој стоело кодното име 007, а во последните 63 години, колку што Џејмс Бонд живее во филмовите, дури 75 убавици ја носеле спомнатата титула.
Меѓу нив била и Присила Барнс на која љубителите на франшизата се сеќаваат од 16 по ред филм „Дозвола за убивање“.
Тоа било времето на Тимоти Далтон, краткиот премин меѓу Роџер Мур и Пирс Броснан. А, таа не била баш како другите класични Бондови девојки.
Присила не играла некоја „феме фетале“ девојка која главниот јунак го фрла во оган, таа не била негов интерес, попатна авантура или непријател.
Таа ја толкувала улогата на сопруга на пријателот на Џејм Бонд, агентот Феликс Лајтер и секако дека улогата е една од највпечатливите во нејзината кариера.
Присила е родена во 1954 година во Њу Џерси. Кариерата ја започнала во 70-тите години со улогата во некогаш популарната крими серија „Инспектор Колумбо“.
Зад себе остварила многу наслови, а глумела заедно со многу актери од А листата на Холивуд.
Од 2003 година во брак е со колегата Тед Монтео и немаат деца.
Неодамна „Daily Mail“ ја следел актерката и забележале како излегува од автомобилот. Папараците ја фотографирале во Лос Анџелес по враќањето од продавница.
На себе носела кратка розова маица, искинати фармерки во младешки стил, и препознатливата руса коса била тука.
Но, некогашната Бондова девојка сега има 70 години, а од филмот поминале речиси 36 години...