Што е легионерска болест? Што точно е оваа инфекција и зошто е толку опасна?

Точка

10/07/2025

15:31

759

Големина на фонт

а а а

Тоа е инфекција предизвикана од бактеријата Legionella pneumophilia, која започнува како атипична пневмонија. Оваа бактерија се појавува во клима-уредите и се наоѓа во топлатa вода. Се шири преку капки, а доколку лекувањето не се започне навреме, последиците можат да бидат опасни.

Легионолезата или легионарската болест е инфекција на белите дробови (пневмонија) предизвикана од бактерии од фамилијата легионела.

Бактеријата Легионела пневмофилија обично се наоѓа во водените извори со температура која се движи помеѓу 35 до 46 степени Целзиусови, а една друга бактерија од фамилијата легионела, Легионела лонгбеацае најчесто се наоѓа во почвата и во земјата за садење растенија.

Легионерската болест најчесто предизвикува температура, треска и кашлица, како и болки во мускулите, главоболка, замор, губење на апетитот и дијареја. Легионерската болест понекогаш може да биде смртоносна.


Легионела, особено бактеријата „L. pneumophila“, е поврзана со појавата на тешка пневмонија. Најчеста форма на пренесување е вдишување на микроскопски капки вода (аеросоли) кои содржат бактерии од родот легионела кои живеат во вода и се размножуваат во соодветни услови, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

До инфекција може да дојде и преку контаминирана вода или мраз, особено кај чувствителни пациенти во болнички средини. Лекувањето вклучува давање антибиотици неколку недели или месеци. Оваа бактерија се појавува во клима уредите и се наоѓа во топла вода. Се шири преку капки, а доколку не се започне навреме со лекување, последиците можат да бидат опасни.

Што е легионерска болест?

Легионерската болест е тешка форма на воспаление на белите дробови што кај луѓето може да биде предизвикана од бактерии од родот „Legionella“. Луѓето кои веќе имаат хронична болест, пушачите, лицата со ослабен имунитет и постарите се изложени на поголем ризик од инфекција со овие бактерии. Смртноста на пациентите е 5-10 отсто. Изложеноста на легионела не секогаш води до заболување.


Како се пренесува?

Легионерската болест се пренесува со вдишување на микроскопски капки вода (аеросоли) кои содржат бактерии од родот легионела кои живеат во вода и се размножуваат под соодветни услови – во застоена вода на температура од 20 до 50 степени Целзиусови.

Аеросоли во кои е присутна легионела може да се создадат, на пример, при пуштање вода од чешма или туш, кога се создаваат меурчиња во водата во хидромасажни базени или преку некои системи за климатизација.

Ризични места

Ризични места се: цистерни или резервоари со топла или ладна вода, цевки со мал или без проток на вода, слуз, бигор, корозија и нечистотија на внатрешните површини на цевките, резервоарите, тушевите и славините.

Ризикот од инфекција постои на места каде што се формираат капки вода:

• тушеви и славини

• хидромасажни кади

• базени со пена


• кули за ладење и кондензатори кои се користат за климатизација на воздухот

• декоративни фонтани, особено внатрешни

• навлажени излози за храна и други уреди за навлажнување

• водени системи за црева за наводнување на растенија.