Светот на мирисите непрекинато се менува, а Грегори Ален и Даниел Смит сакаат мирисите да ги направат функционални со помош на новиот ароматерапевтски бренд „Moods“.
Иако „Moods“ официјално е лансиран во април, овој британски бренд штотуку додаде нова колекција во својата понуда, насочена на проширување на емоционалните спектри низ мирисите.
„MoodSwings“ е најновата иновација на овој бренд. Станува збор за двостран „roll-on“ парфем којшто нуди две мирисни ноти збогатени со етерични масла, а заедно создава слоевито мирисно искуство за кое, според тврдењата на брендот, клинички е докажано дека може да влијае на расположението.
Достапни се четири верзии:
„Genius + Fit = Performance“, цитрусно-дрвенеста комбинација која го поттикнува фокусот.
„Charisma + Frisky = Empowered“, зачинско-цветна нота која помага да се чувствувате моќно.
„Euphoric + Hustle = Elevated“, свеж цитрус којшто ја подобрува емоционалната благосостојба.
„Chill + Found = Spirited“, смирувачка амбер комбинација која го намалува стресот.
„Го создадовме „MoodSwings“ затоа што нашите расположенија не се статични, тие постојано се менуваат во текот на денот. Овој двостран формат ви овозможува цел емоционален спектар да го носите во џебот. Интуитивен е, пренослив и забавен, но и натаму направен врз основа на нашите клинички пристапи на мирисот и нервниот систем“, изјавиле основачите Ален и Смит.
Секој парфем доаѓа и со 60-минутен звучен запис којшто дополнително го зголемува доживувањето.
Иако овие парфеми се осмислени за емоционална трансформација, се нанесуваат како и сите останати парфеми, со помош на апликатор којшто се наоѓа на пулсната точка.
„Mood Swings Rollers“ се продаваат по цена од 30 фунти (околу 35 евра) и достапни се за купување на официјалната страница на брендот.