Турција долго време била една од омилените дестинации за одмор, но новите извештаи ги откриваат причините поради која туристите сега ја избегнуваат оваа земја.
Новите извештаи покажуваат дека пополнетоста на хотелите во Турција се намалила поради порастот на трошоци во земјата, пишува британски „Еxpress“.
Турција со децении беше една од омилените дестинации и позната е како пристапно летувалиште, често бирана пред европските дестинации како Шпанија и Португалија.
Има многу популарни крајбрежни летувалишта, како и големи градови како што се Истанбул и Анкара кои со својата магија ги освојуваат туристите ширум светот.
Меѓутоа, бројот на посетители сега опаднал, се наведува во извештаите, а причините за тоа се порастот на трошоци и квалитетот на забавни содржини за туристите.
Магазинот „Tourism Review“ наведува повеќе извештаи од индустријата кои укажуваат на растечки проблеми во турскиот туристички сектор затоа што цените во Турција го достигнале нивото на земјите како Шпанија и Грција.
Грција поевтина од Турција
Зголемените цени за сместување предизвикани се од растот на трошоците, а дестинациите како Анталија и Бодрум бележат особен пораст на цените.
Летување за семејство во овие летувалишта може да чини и повеќе од 3.180 евра.
За споредба, сличен одмор во Грција може да чини меѓу 1.690 и 2.120 евра.
„Економската ситуација во Турција е главната причина за проблемите кои сега ги гледаме во туризмот“, изјавил Киванч Мерич, претседател на Асоцијацијата на турските туристички агенции во Измир.
Бројто на туристи кои доаѓаат во земјата се намалил за 0,15 отсто во првите пет месеци во 2025 година во споредба со истиот период од 2024 година.
Мерич додал: „Турција ја изгубила својата ценовна предност. Туристите сега бираат дестинации каде за истите пари ќе добијат повеќе вредности“.