Најздравиот појадок ги содржи овие три намирници – тврди докторка од Харвард и ги наведува трите најлоши избори за првиот оброк

Точка

10/07/2025

10:00

1.551

Големина на фонт

а а а

Појадокот е оброк којшто не смее да се прескокнува, а докторите од Харвард наведуваат дека тој мора да содржи хранливи состојки кои ќе му ја дадат потребната енергија на нашето тело.

Доколку секое утро бирате пекарски производи за појадок, бидете подготвени на последиците како гојазност, недостаток на енергија, умор...

Д-р Моника Техо од Харвард тврди дека палачинките, мафините и колачите не се добар избор за утрински оброк.

Слатките оброци за појадок често содржат преработени јаглехидрати и шеќери, додека пак за здравјето многу подобри оброци се оние богати со растителни влакна, протеини и здрави масти.


Тие помагаат подолго време да се чувствуваме сити и нивото на шеќер во крвта да остане стабилно.

Доктор Моника споделила еден од своите омилени предлози за појадок. Идеална комбинација е оброкот којшто е здрав, кој заситува и брзо се подготвува.

Д-р Техо сака појадок од три состојки, каде главна ѕвезда е омиленото овошје. Истакнува дека сака да користи замрзнато овошје затоа што е поевтино и подостапно во текот на целата година. Овошјето е богато со витамини и антиоксиданти.

Важно е да знаете кое овошје има низок гликемиски индекс што значи дека не предизвикува нагло зголемување на шеќер во крвта.

На пример, тоа се јаболката, портокалите, јагодите, праските, сливите и кајсиите. Од друга страна бананите и грозјето треба да се ограничат, особено доколку имате проблем со високото ниво на шеќер во крвта.

Овошјето е најдобро да се комбинира со јогурт, којшто е одличен извор на протеини и пробиотик.

Д-р Моника советува да се избегнува јогурт без масти затоа што малата количина масти може да биде корисна за здравјето.


Здравите масти ги обезбедуваат и јаткастите плодови, па таквиот појадок може да се збогати и со јаткасти плодови или семки.

Д-р Техо најчесто бира бадеми или индиски ореви:

„Јаткастите плодови се богати со здрави масти и растителни влакна, а покрај тоа даваат и енергија“, заклучила докторката.