[ФОТО] Џенифер Анистон конечно повторно заљубена: Фатена на романтичен одмор, а нејзиното ново момче е далеку од шоубизнисот

Кармин

08/07/2025

14:15

1.759

Големина на фонт

а а а

Минатиот месец Анистон и Кертис биле забележани во луксузен хотел „Ventanga Big Sur“ во северна Калифорнија, така што ова не е првпат јавноста да се запраша дали нејзиното срце сега го освоил мажот којшто доаѓа од целосно друга професија.

Џенифер Анистон повторно е во центарот на вниманието поради гласините за новата романса.

Овојпат славната актерка била забележана во друштво на згодниот хипнотерапевт и животен тренер Џим Кертис, на луксузен одмор во Мајорка, пренесува „Daily Mail“.

Тие биле забележани како уживаат на сонцето, на прошетка и приватна забава на јахта, а особено внимание привлекло тоа што Џенифер својот нов пријател го запознала со блиските пријатели, вклучувајќи го и актерот Џејсон Бејтмен и неговата сопруга Аманда Анк.

Дали ја хипнотизирал?

Имено, Кертис себеси се опишува како „трансформациски тренер и хипнотерапевт“ и има околу 55.000 следбеници на Инстаграм, каде редовно објавува инспиративни цитати и „манифестации“ како би можеле луѓето да се ослободат од своето минато и обрасци и да најдат љубов.


Анистон го следи на социјалните мрежи веќе две години, а баш неодамна му лајкувала една објава која гласи:

„Повторете ги овие афирмации за да се излекувате и да закрепнете од развод, раскинување или тешки романси и започнете да привлекувате нова, охрабрувачка и божествена љубов“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk