Познатата бразилска манекенка Адријана Лима, како глобален амбасадор на Светската фудбалска асоцијација, го поддржува и промовира овогодишното Светско клупско првенство, кое се организира од 14 јуни до 13 јули во Америка.
На спортските настани, Лима ја придружуваат децата со кои се пофали на Инстаграм.
Лима ја покажа својата ќерка Сиена (13), која многумина ја споредуваат со славната мајка, па дури и предвидуваат дека ќе почне да се занимава со манекенството.
Но, како што претходно изјави манекенката, нејзините деца сами ќе ја изберат својата професија, без никаков притисок од неа. „Важно ми е прво, што и да прават, да бидат задоволни со своите избори. Ако сфатат дека не се среќни, можат да го променат тоа. Второ, да се прифатат себеси и да не се плашат да пораснат и да стареат. Во секоја фаза од животот постојат различни предности, искуства и работи што ќе ги научите“, изјави таа за Пипл.
Сиена го следела фудбалскиот натпревар во целосно спортски стајлинг, облечена во дрес, кој и нејзината мајка со задоволство го облекува.
Инаку Лима е позната како голем љубител на спортот – од фудбал до бокс. Таа ги следи најголемите спортски настани во светот од година во година, додека нејзиниот поранешен сопруг и татко на Сиена, Марко Јариќ, е познат кошаркар.
Сиена Лима Јариќ очигледно, како и нејзините родители, го сака спортот, па можеби ќе стане професионална спортистка. Познато е дека Бразилците се вистински вљубеници во фудбалот, како и дека Србите се исто така многу талентирани во разни спортски дисциплини и нивни вистински обожаватели.
Бидејќи Сиена е Бразилка по мајка, а Србинка по татко, гените си го направиле своето.
Адријана и Марко ја добија ќерката Сиена во 2012 година, а тогаш манекенката напиша на Твитер (Икс): „Марко и јас сме пресреќни што можеме да ѝ посакаме добредојде на Сиена во семејството, а двегодишната ќерка Валентина е среќна што стана постара сестра“.
Откако ги доби ќерките Валентина и Сиена, манекенката изјави дека насмевките на нејзините деца ја прават најсреќна, а поради љубовта што ѝ ја даваат нејзините наследници, се чувствува целосно посебно. Таа откри дека нејзините ќерки се многу заинтересирани за модата, па затоа ѝ предлагаат модни комбинации за црвените килими.
Инаку Јариќ и Лима заедно ги одгледуваат своите ќерки, а останаа во пријателски односи по разводот во 2016 година.
Од 2024 година манекенката е во брак со францускиот филмски продуцент Андре, со кого го доби синот Сајан во 2023 година. Момчето го доби името по необичната боја на очите, која ја наследил од мајка си.
Исто така Лима е многу блиска со двете деца на Лемер од неговиот претходен брак, а неговата ќерка беше покрај Сиена на фудбалскиот натпревар.