Се сеќавате ли на оние шарени, цветни и геометриски плочки од кујните на нашите баби или класичните бањи од времето на стара Југославија? Долго време мислевме дека се надминати и едвај чекавме да ги замениме при реновирањето со едноставни бели и сиви површини.
Но, трендовите во уредувањето на ентериерот прават цел круг, па така овој неуништлив класик се враќа на голема врата, внесувајќи автентичен шарм во модерните домови!
Ако ви здодеа студениот минимализам и просторите што изгледаат стерилно како хотелски соби, имаме одлични вести. Водечките дизајнери на ентериер ширум светот моментално трагаат токму по вакви автентични ретро детали кои речиси секоја куќа во Југославија ги имала барем во една просторија. Препознатливите ретро дезени, мозаици и терацо-текстури на плочките сега се апсолутен хит и совршен начин да се разбие монотонијата.

Можеби се прашувате како да ги вклопите овие „старински“ плочки во модерен дом, а притоа просторот да не изгледа застарено? Тајната е во совршениот баланс! Тие изгледаат беспрекорно кога ќе ги комбинирате со модерен мебел со чисти линии, современи апарати за домаќинство и минималистичко осветлување.
Не мора да ја прекриваат целата просторија – искористете ги како ефектни акцентни ѕидови, впечатлива подна облога или поставете ги околу работната површина во кујната. На тој начин нема да добиете старомоден простор, туку во вашиот дом ќе внесете доза на префинет шарм, карактер и топлина.
Време е да внесеме малку уметност во секојдневието и на нашите домови повторно да им ја вратиме душата. Затоа, следниот пат кога ќе планирате реновирање, заборавете на едноличните и стерилно бели простории – осмелете се да го испробате овој носталгичен југословенски класик кој повторно го освојува светот!

Дека ретро стилот и тоа како е посакуван, докажува и фактот дека предметот што го имала речиси секоја куќа во Југославија повторно е во мода. Луѓето го бараат по пазарите за стари работи и не прашуваат за цената.