[ВИДЕО] Сопругата на Алек Болдвин воодушеви со изгледот во бикини: Мајката на седум деца покажа како ја одржува формата

Кармин

28/07/2026

08:09

612

Големина на фонт

а а а

Хиларија Болдвин го привлече вниманието на своите следбеници откако на социјалните мрежи сподели видео во кое ја покажа својата завидна физичка форма и откри дел од својата рутина за вежбање.

Инструкторката по јога, која со сопругот Алек Болдвин има седум деца, покажа како изгледа нејзиниот тренинг за обликување на телото.

Во видеото објавено на Инстаграм, 42-годишната Хиларија изведува вежби за зајакнување на мускулите на задникот во бањата. Притоа носела црвено бикини со горен дел што се врзува околу вратот и долен дел со висок струк и црвено-бел цветен дезен.

Својот изглед го надополнила со сребрено ланче со привезок во облик на крст украсен со дијамант, како и со дијамантски обетки.


„Повторно сум во оваа бања, ајде да поработиме на задникот, ова го обликува просторот меѓу задникот и задниот дел од нозете. Направете пет до десет повторувања од секоја вежба, во три серии“, напишала Болдвин покрај објавеното видео.

На снимката може да се види како се потпира со рацете на шкафчето во бањата и изведува неколку различни вежби, вклучувајќи чучнувања, подигнување на ногата наназад и странични подигнувања на ногата.

Нејзината објава предизвика бројни позитивни реакции кај следбениците, кои го пофалија нејзиниот изглед и посветеноста на физичката активност.

„Колку деца имаш и како успеваш да изгледаш вака?“, напиша една корисничка.


„Изгледаш неверојатно“, додаде друга.

Една следбеничка на шега напиша: „Ми требаат седум деца за да изгледам вака? Пријавете ме“.

Хиларија и Алек Болдвин се запознале во еден ресторан во Њујорк во февруари 2011 година, а врската ја започнале истата година. Се свршија во април 2012 година, а само два месеца подоцна се венчаа.

Парот заедно има седум деца: ќерките Кармен Габриела (12), Марија Лусија (5) и Иларија Каталина (3), како и синовите Рафаел Томас (11), Леонардо Анхел (9), Ромео Алехандро (8) и Едуардо (5). Алек Болдвин има и ќерка, Ајрленд (30), од претходниот брак со актерката Ким Бесинџер.


Хиларија Болдвин е позната по тоа што често на социјалните мрежи споделува снимки од своите тренинзи. Претходно објави фитнес DVD „Fit Mommy-to-Be Prenatal Yoga“, а во 2016 година ја напиша книгата за здравје и начин на живот „The Living Clearly Method“.

Неодамна се врати од летување во Шпанија, кое за неа беше посебно бидејќи првпат патуваше сама како единствен родител со сите седум деца.

На социјалните мрежи сподели моменти од тоа патување, опишувајќи го патувањето преку Атлантикот како предизвикувачко искуство, но истакна дека децата за време на долгиот лет се однесувале подобро отколку што очекувала.


Хиларија и Алек Болдвин моментално ја продаваат својата вила во Хемптонс, вредна 20 милиони долари, а планираат идните летни месеци да ги поминуваат во Шпанија.

По враќањето во Њујорк, Хиларија објави фотографии и снимки од семејното патување и порача дека домот не е секогаш само едно место.

„Повторно сме во Њујорк, но сè уште носиме мал дел од Шпанија со нас... Домот не е секогаш едно место. Тоа се луѓето што ги сакаме и благодарна сум што моите Болдвиновци се со мене на секој чекор“, напиша таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk