[ВИДЕО] Најморничавиот остров на Јадранот: Ова е местото каде што 100.000 луѓе ги „пречекала“ смртта, а тој одлучил да сними одблизу сè

Точка

05/07/2025

21:26

3.343

Големина на фонт

а а а

Ирскиот јутјубер Дара Тах решил да ја помине ноќта на островот Повеља, честопати нарекуван „најстрашниот остров на светот“, во обид да дознае повеќе за легендите што кружат за него со децении.

Ова парче земја се наоѓа помеѓу Венеција и Лидо, во североисточниот дел на Италија, и низ историјата станало познато по смртта и страдањето.


Имено, на крајот на 18 век тоа било карантин за болни од чума, а двесте години подоцна тука била изградена психијатриска клиника.

Околу 100.000 жртви на чума починале на ова место, а откако болницата се затворила во 60-тите, таа била напуштена.

Денес, ви е потребна посебна дозвола за да ја посетите.

Ирскиот јутјубер, придружуван од својот пријател Мет пристигнал на островот, на кој доминираат антички, дотраени згради, објавува „Лад Бајбл“ (LadBible).

Во текот на денот, тие истражувале напуштени згради, од кои повеќето се уриваат. Внатре во ѕидовите, виделе само графити – траги од нелегални посетители.

Ноќта, Дара и Мет ја извадиле својата „опрема за откривање духови“ бидејќи сакале да ги проверат старите легенди. Јутјуберот признал дека е скептичен во врска со натприродното, но сепак решил да истражи подетално.

Тие се упатиле кон старата камбанарија, која, според легендите, се смета за најопседната локација на островот. Со себе понеле термички уред.

Дара тврдеше дека нивната опрема почнала да „откажува“, светлата трепкале, а чувството на непријатност растело како што ноќта се спуштала. Цело време ги адаптирал радиофреквенциите, обидувајќи се да „фати“ какви било сигнали.

На крајот, тој тврдел дека успеал да „сними неколку зборови“, што на италијански значат „оди“ и „патувај“.

Не можеме да знаеме дали ова е автентична нота – или производ на сугестија, но факт е дека островот Повеља, напуштен речиси шест децении, продолжува да привлекува љубопитни и храбри авантуристи.