Дал отказ и сега заработува 100.000 долари годишно возејќи велосипед низ градот

Точка

30/06/2025

20:28

2.254

Големина на фонт

а а а

Американец по име Стритер дал отказ од работа и сега заработува значително повеќе пари работејќи нешто што го смета за лесна и пријатна работа – иако неговите колеги возачи, особено доставувачите, не го гледаат со симпатии.

Њујорчанецот нашол необичен, но сосема легален начин за заработка: пријавува возила кои се паркирани со вклучен мотор, што е прекршок според градските закони во најголемиот американски град.

Благодарение на малку познат локален пропис, тој има право да задржи 25% од казните што ќе им бидат изречени на прекршителите.

Правилникот, кој е во сила од 2017 година, забранува на комбиња, камиони и автобуси што не се општински возила, да работат „во празен од“ подолго од три минути.

Иако ова правило ретко се спроведува службено, програмата „Граѓанска жалба за сообраќајни прекршувања“ овозможува граѓаните да документираат и пријавуваат вакви нарушувања.


Стритер дал отказ од работа во маркетинг и сега вози велосипед низ градот од шест до девет часа дневно, снимајќи прекршители. Според локалните медиуми, неговата посветеност му донела повеќе од 100.000 долари годишно, известува "El País".

Идејата зад овој закон потекнува од Џорџ Пакенхам, поранешен банкар кој го загубил својот брат од рак на белите дробови и одлучил да преземе акција против загадувањето на воздухот. Од почетокот на оваа програма, градот има собрано речиси 70 милиони долари.

Се разбира, не се сите согласуваат дека Стритер прави нешто добро за општеството. Претставници на транспортниот сектор го сметаат за „ловец на глави“ и тврдат дека условите во кои работат камионџиите не им дозволуваат секогаш да ги почитуваат правилата.